Поради влошените временски услови и зачестени дождови, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје од утрово се на терен и вршат расчистување на сливниците и шахтите на територијата на градот, со посебен акцент на критичните точки, со цел обезбедување нормално и непречено функционирање на атмосферската канализација, соопштија денеска од јавното претпријатие.

– Екипите остануваат на терен и се подготвени за навремена реакција, согласно временските услови и потребите на граѓаните. За информации и пријавување проблеми, граѓаните можат да се обратат до Дежурно-информативниот центар на 02 3073 010, достапен 24/7 – се додава во соопштението.

