Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Македонија

Општина Илинден продолжува со активности за чистење и одржување на каналската мрежа

Општина Илинден продолжува со интензивни активности за чистење и одржување на речните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден продолжува со интензивни активности за чистење и одржување на речните корита и одводните канали, со цел подобрување на протокот на атмосферски води, намалување на ризикот од поплави и заштита на животната средина – информираат од Општината.

Во изминатиот период извршено е машинско чистење на главниот одводен канал што минува низ централниот дел на населените места Илинден и Марино, во должина од 5.000 метри, како и чистење на ободниот канал на потегот од локалната зона Карагач кон Меѓународниот аеродром Скопје, во должина од 3.800 метри.

Заклучно со овие активности, на подрачјето на општина Илинден се исчистени вкупно 26.800 метри канали и речни корита, со што, како што велат од Општината, е надмината првично предвидената должина од 24.250 метри и се остварени повеќе од планираните активности за чистење на каналската мрежа.

Реклама

Во наредниот период ќе продолжат активностите со дополнителни 4.000 метри чистење на коритото на Сува Река, на потегот Миладиновци – Бујковци, како и 1.000 метри на потегот Текија – Дељадровци.

– Со оглед на високото ниво на подземни води, редовното одржување на каналската мрежа овозможува непречен проток на атмосферските води, превенција од појава на поплави и зачувување на чиста и здрава животна средина, што е предуслов за квалитетен живот на граѓаните – нагласува градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со континуирано одржување и унапредување на каналската мрежа, со цел зголемување на безбедноста, заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на сите граѓани.