Реклама

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Македонија

Граѓански идеи за новиот локален буџет на Општина Демир Хисар

Новата програма за работа и буџетот на Општина Демир Хисар за 2027…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата програма за работа и буџетот на Општина Демир Хисар за 2027 година ќе го креираат и граѓаните на таа општина, информираа од тамошната локална самоуправа.

Граѓаните, здруженијата, месните заедници, јавните институции и другите формални и неформални групи на граѓани, идеите и предлозите за програмите за работа и локалниот буџет може да ги доставуваат до крајот на месецов, посочија од Општина Демир Хисар.

Јавниот повик е во функција на востановена традиција за транспарентна општина и се реализира врз основа на процедура за вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки, процедурата за планирање, изработка, донесување и реализација на годишни оперативни програми, како и процедура за планирање и донесување на буџетот на Општината.

Реклама

Советот на Општина Демир Хисар, новиот буџет за 2027 година треба да го донесе најдоцна до 31 декември оваа година.