Реклама

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Македонија

Празнични полноќни приказни во битолскиот Офицерски дом

Празничната програм на Општина Битола посветена на 4-ти ноември, денот на ослободувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Празничната програм на Општина Битола посветена на 4-ти ноември, денот на ослободувањето на градот продолжува со екслузивно слушање на музичкиот материјал од албумот „All Colors of M“, во кој учествуваат Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски.

Од Културно информативен центар (КИЦ) Битола информираат дека манифестацијата „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, е дел од „Сите бои на сеќавањето“ и можност публиката да ја слушне музиката од винилно издание кое наскоро ќе биде промвирано.

Во средиштето на албумот се четири музички индивидуалности, со различни авторски и изведувачки искуства. Нивното поврзување отвора простор за средба на композицијата и импровизацијата, на музичката меморија и современиот израз. Секој од нив носи свој пат, изграден низ концерти, снимања, соработки и истражувања што одамна ги надминале домашните граници.

Реклама

За потсетување, Оливер Јосифовски е контрабасист, композитор и продуцент, препознатлив по работата со групата „Љубојна“ , Исмаил Љумановски е кларинетист со меѓународна кариера, Алек Секуловски е со долгогодишно искуство како тапанар, концертен и студиски музичар и педагог, а Давор Јордановски е клавијатурист, композитор, аранжер и продуцент, чиј професионален пат ги поврзува Македонија и Канада.