Реклама

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Македонија

Гаши – Сивањанам: Унапредување на билатералната соработка и продлабочување на парламентарните односи меѓу двете земји

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил средба со новоименуваната британска амбасадорка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил средба со новоименуваната британска амбасадорка Маја Сивањанам, на која беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка и продлабочување на парламентарните односи меѓу двете земји.

Како што соопшти соопшти собраниската прес-служба, Гаши ѝ посакал добредојде на амбасадорката и успешен дипломатски мандат, истакнувајќи ја долгогодишната соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Посебен акцент ставил на поддршката преку Вестминстерската фондација за демократија, која придонесува за зајакнување на капацитетите и функциите на Собранието и неговата служба.

На средбата Гаши изразил очекување за натамошно реализирање на соработката на ниво на претседатели на парламенти, пратеничките групи за соработка во двата парламента и меѓукомисиската размена на најдобри практики и искуства.

Реклама

Амбасадорката Сивањанам изразила задоволство од значајната соработка со Собранието на која, како што посочила, ќе посвети соодветно внимание за време на нејзиниот мандат. Притоа, го запознала Гаши со приоритетите и фокусот на работа во следниот период, со акцент на натамошно развивање на дипломатските односи и севкупната билатерална соработка меѓу двете држави.

Двајцата соговорници размениле мислења околу претстојните активности на Собранието и можностите и модалитетите за освежување на динамиката на веќе утврдената соработка меѓу двата парламента.

На средбата било потенцирано значењето на Стратешкото партнерство и Договорот со кој се уредуваат трговските односи меѓу двете земји, како и натамошната поддршка на европската агенда на РС Македонија од страна на Обединетото Кралство.