Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Јавна дискусија за улогата на украинската литература ќе се одржи во „Europe House“

„Може ли книгата да го промени светот?“ е темата на јавната дискусија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Може ли книгата да го промени светот?“ е темата на јавната дискусија што денеска ќе се одржи во „Europe House“, во организација на издавачката куќа „Сакам книги“, во рамки на проектот „Со љубов, од Европа“, финансиран преку програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

На настанот ќе учествуваат украинскиот конзул во Македонија Иван Примаченко, претседателот на Здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“, Александар Орбанович, и преведувачката Вера Чорниј-Мешкова, кои ќе разговараат за значењето на литературата во зачувувањето на културниот и националниот идентитет, улогата на мајчиниот јазик и книгата како средство за поврзување на луѓето и културите.

По повод иницијативата, „Сакам книги“ донира 300 книги на украински јазик во библиотеки во Скопје, Делчево, Кавадарци и Штип, како и во Здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“.

Реклама

Од издавачката куќа информираат дека иницијативата има цел да ја направи украинската литература подостапна за украинските граѓани што живеат во земјава и да придонесе за зачувување на нивниот јазик, култура и книжевно наследство, особено за децата и семејствата кои поради војната ја напуштиле својата татковина.

Во рамки на проектот се обезбедени вкупно 500 книги на украински јазик, од кои 300 се наменети за библиотеките и здружението, додека преостанатите 200 ќе бидат достапни за продажба во книжарниците на „Сакам книги“ во Скопје.