Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Клековски од Копенхаген: Превенцијата и дигиталната трансформација остануваат меѓу клучните приоритети во здравството

Дигиталната трансформација на здравствениот систем и зајакнувањето на примарната здравствена заштита со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигиталната трансформација на здравствениот систем и зајакнувањето на примарната здравствена заштита со фокус на превенцијата и раното откривање на болестите се меѓу клучните приоритети на Министерството за здравство, порача министерот Сашо Клековски на 76. седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа во Копенхаген.

Како што соопшти Министерството за здравство, Клековски во обраќањето истакнал дека Северна Македонија се соочува со исти предизвици како и другите земји во европскиот регион, меѓу кои демографските промени, стареењето на населението, растечкиот товар на незаразните болести и одливот на здравствени кадри.

-Вложувањето во здравството е инвестиција во економскиот и социјалниот развој. Затоа, дигиталната трансформација е еден од нашите најважни национални приоритети. Сакаме поповрзан, поефикасен и потранспарентен здравствен систем – изјавил Клековски.

Реклама

Тој нагласил дека подеднакво важно е и зајакнувањето на примарното здравство, со посебен акцент на превенцијата и раното откривање на незаразните болести, вклучително и канцерогените заболувања.

Во делот на превентивните политики, министерот посочил дека Министерството ја засилува забраната за пушење и подготвува мерки поврзани со засладените пијалаци. Како други приоритети ги навел подобрувањето на пристапот до лекови, финансиската заштита на пациентите, модернизацијата на законската регулатива и одржливото финансирање на здравствениот систем.

На седницата во Копенхаген биле разгледувани повеќе извештаи и предлози за идната работа на Светската здравствена организација, а своите програми ги претставиле и шестемина кандидати за нов генерален директор на организацијата.