Реклама

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Прилози

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Современи кујни, реновирани тоалети, соби како во хотел и услови за живот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Современи кујни, реновирани тоалети, соби како во хотел и услови за живот според европски стандарди- вака денес изгледа студентското секојдневие во домот „Стив Наумов“. Нов мебел и сопствен тоалет во секоја соба им се ставени на располагање на студентите. Во секоја зграда има и современа читална, каде што можат да учат, да изработуваат проекти и да се подготвуваат за академските обврски. На секој кат има и модерно опремена кујна, во која студентите можат сами да си подготвуваат оброци, да сварат кафе или чај. Домот располага и со сопствена менза, каде што секојдневно се подготвуваат топли оброци.

Сепак, дел од студентите преку социјалните мрежи се пожалија на пропусти. Конретно за прокиснат ѕид, и расипани ролетни. Од раководството на студентскиот појаснуваат дека станувало збор за затната цевка во еден од тоалетите, која како што велат била веднаш одзатната. Оттаму посочуваат дека за да се одржат добрите услови за престој, неопходно е редовно да се одржувааат просториите, но и студентите да се однесуваат одговорно.

„Се соочуваме со некои ситни проблеми, меѓутоа главно водата која протече е од запушување од влажни марамчиња. Пријавуваме до проектната единица, доаѓаат и изведувачите ги санираат тие проблеми што се јавуваат тековно. Сакаме и да апелираме до студентите дека треба да вниаваат на куќниот ред.“ – вели директорот на студентскиот дом Александар Каровски.

Реклама

Студентите, се задоволни од условите што ги нуди домот. Велат дека за разлика од претходно, сега располагаат со нспоредливо подобри услови за престој и учење, но апелираат на поголема грижа за хигиената и поодговорен однос на станарите кон заедничките простории.

„Супер е ама треба да се подобрат условите и подобро да се одржува хигиената. Сметам дека се е океј, ништо не ни недостига. Условите се добри, задоволни сме од се.“ – велат студентите.

Студентскиот дом официјално ги отвори вратите за младите во септември оваа година по неговата темелна реконструкција вредна околу 10 милиони евра. Од објект со влага, прокиснати покриви и без топла вода, се претвори во модерен и енергетски ефикасен дом за 1150 студенти. По децении живеење во мизерни услови, домот „Стив Наумов“ доби целосно нов лик, а студентите добија европски услови за живот. Според најавите ова е дел од поширок проект кој предвидува реконструкција на 9 студентски домови и 6 училишта со ресурсни центри, со вкупна инвестиција од 83 милиони евра.   До крајот на годината треба да биде отворен и студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ кој ќе отвори уште 280 студентски легла.  Започнува и реконструкцијата на домовите „Пелагонија“ и „Томе Стефановски – Сениќ“, поради што тие не се во функција. Не само во Скопје, ќе се реконструира и студентскиот дом „Браќа Миладиновц“ во Штип, и „Никола Карев“ во Охрид.