Реклама

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Македонија

Куманово најавува регионален саем на занаетчиите од Балканот, продолжува поддршката за малите бизниси

Регионален саем на занаетчиите со учество од земјите на Балканот, продолжување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионален саем на занаетчиите со учество од земјите на Балканот, продолжување на општинските субвенции и создавање услови за организирање мајсторски испити во Куманово, се дел од иницијативите за развој на занаетчиството и малата економија. Занаетчиите ги изложија своите производи на саемот кој веќе четврта година се организира во организација на Регионалната занаетчиска комора Куманово со поддршка на Општина Куманово.

Претседателот на Регионалната занаетчиска комора Куманово, Агрон Фазлији, се заблагодари за досегашната поддршка од Општина Куманово и истакна дека во изминатиот период биле реализирани повеќе иницијативи за промоција на занаетчиите и нивните производи. Меѓу нив ги посочи новогодишниот базар, кој траел 30 дена, осмомартовскиот базар и саемот на занаетчиите. Тој оцени дека ваквите настани им овозможуваат на занаетчиите да ги претстават своите производи пред пошироката јавност. Истовремено придонесуваат за зачувување на традиционалните вештини и културното наследство на различните заедници. Фазлији најави дека за следната година се разгледува можноста за организирање поголем, јубилеен саем, кој би траел два до три дена и на кој би биле поканети занаетчии од земјите на Балканот. За реализацијата, како што посочи, ќе биде потребна соработка со локалната самоуправа, надлежните сектори и други институции, како и обезбедување соодветен простор за поголем број учесници.

– Во изминатиот период имавме поддршка за нашите иницијативи, од новогодишниот базар што траеше 30 дена, преку осмомартовскиот базар, до саемот. Верувам дека во наредната година, заедно со градоначалникот и надлежните институции, ќе организираме поголем саем на кој ќе бидат поканети земјите од Балканот. Целта е занаетчиите да станат повидливи, а традиционалните занаети да го добијат местото што го заслужуваат – истакна Фазлији.

Реклама

Тој се осврна и на потребата од создавање услови за полагање мајсторски испити во Куманово. Според него, Регионалната занаетчиска комора има законска основа да развива вакви активности, но за нивно спроведување е потребна координација со Националната комора и институциите надлежни за стручно образование и квалификации. Фазлији посочи дека мајсторските испити се значајни за професионалното усовршување и формалното признавање на стекнатите вештини. Со нив, занаетчиите би можеле да ги потврдат своите стручни компетенции и полесно да ја развиваат дејноста. Тој побара и поголема институционална поддршка за малите бизниси, особено во услови кога занаетчиите се соочуваат со недостиг од работна сила, тешкотии при започнување сопствен бизнис и потреба од подобрување на условите за работа.

Тој посочи дека е важно младите да се охрабрат да започнат сопствени дејности и да се создаваат услови за развој на формалната економија. Како еден од предизвиците за локалните трговци и занаетчии, Фазлији ја посочи и конкуренцијата од соседните градови во Србија и Косово, каде што дел од граѓаните одат во набавка на стоки. Тој нагласи дека секој има право да избира каде ќе купува, но смета дека е потребно да се создадат услови локалните бизниси да бидат поконкурентни и да се задржи поголем дел од потрошувачката во Куманово.

– Еснафот ја создава чаршијата, чаршијата создава опкружување, а од тоа се развива населено место и град. Историјата на Куманово е тесно поврзана со занаетчиството, а нашата цел е да ги зачуваме овие дејности и да им овозможиме на младите да ги продолжат – рече кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Тој кажа дека Општина Куманово ќе продолжи да го поддржува занаетчиството и да соработува со Комората во реализацијата на заеднички проекти. Димитриевски потсети  дека иницијативата за поддршка на занаетчиите започнала пред неколку години, кога биле обезбедени средства од општинскиот буџет за поддршка на нивната организација и за промоција на занаетчиските производи. Подоцна, соработката се проширила со организирање базари, саеми и отворање сувенирница, која постепено станува финансиски посамостојна.

– Општина Куманово е партнер на Занаетчиската комора, како што и Комората е наш партнер. Во изминатиот период реализиравме повеќе заеднички проекти и нема да застанеме тука. Нашата цел е занаетчиите да добијат поголема видливост, а традиционалните вештини да се зачуваат и да се пренесуваат на идните генерации – истакна Димитриевски.

Пред присутните кажа дека Куманово својот подем го има благдарение на долга занаетчиска традиција и дека голем дел од индустрискиот развој на градот произлегол од занаетчиските работилници и вештините на локалните мајстори. Развојот на текстилната, чевларската, металопреработувачката и другите индустрии, како што посочи, е поврзан со знаењата и работата на генерации занаетчии. Димитриевски се осврна и на значењето на рачната изработка во услови на брз технолошки развој и сè поголема примена на вештачката интелигенција. Според него, технологијата може да помогне во развојот на идеи и дизајнот, но не може целосно да ги замени физичкиот труд, практичните вештини и изработката на производите. Како една од следните цели, градоначалникот го посочи обезбедувањето сопствени простории за занаетчиите во Занаетчискиот дом во Куманово. Тој објасни дека објектот е под заштита, поради што реконструкцијата бара посебни постапки и дополнителни испитувања во однос на состојбата и статиката на зградата.

Заменик-министерот за образование  Дристон Сулејмани ја истакна улогата на малите претпријатија во економијата и потребата од поврзување на образованието со барањата на пазарот на трудот. Тој посочи дека малите бизниси имаат значајно место во економскиот развој, поради што институциите треба да продолжат да создаваат услови за нивна поддршка. Сулејмани рече дека Министерството за образование и наука посветува внимание на средното стручно образование, дуалните паралелки и стипендирањето на учениците кои избираат стручни профили. Целта е учениците да стекнат практични знаења и вештини што ќе им овозможат побрзо вклучување на пазарот на трудот.

– Инвестициите во стручното образование и поддршката на учениците во дуалните паралелки се важни за подготовка на кадри кои ќе можат веднаш да се вклучат во работните процеси. Од тоа придобивки ќе имаат и малите претпријатија, кои имаат потреба од квалификувана работна сила – истакна Сулејмани.

Тој изрази подготвеност Министерството да соработува со Занаетчиската комора и другите надлежни институции за да се најде решение за организирање мајсторски испити во Куманово.