Изборите минаа, Вучиќ заминува, дел слават, дел пак се решија за насилство. Во отсуство на официјални информаци за составот на идната српска влада, шпекулациите се засилуваат , а Хрватска и Словенија пак си ги испорачаа своите барања до новата владина гарнтитура која доаѓа во Србија.
Иако студентските претставници се уште немаат одлучено кој ќе го составува владиониот кабинет, како фаворит за нов премиер се споменува порашениот гувернер на српската Народна Банка, Дејан Шошкиќ. Во јавноста се појави и името на поранешниот претседател на државата, Борис Тадиќ, како можен шеф на дипломатијата. Без изрично да потврди дали ќе биде шеф на Владата, Шошкиќ најави дека очекува таа да се формира во текот на следниве 30тина дена, доколку никој не го опструира целиот процес.
-Постои една процедура, која е пред нас, која е јасно законски дефинирана, конституирањето на Парламентот е пред нас. После тоа би требало да се формира Влада, имаме пред нас и претседателски избори, тоа се работи кои што во нашата земја би требало да се одвиваат на нормален, мирен, достоинствен начин, со целосна слобода на медиумите и известувањето, и достоинството на граѓаните во целиот тој процес, изјави Шошкиќ.
Во повеќе градови продолжи прославата која започна во неделата вечер, а главниот собир беше на плоштадот Славија. Сепак во Белград не мина се без инциденти, група граѓаните упаднаа во зградата на телевизијата Информер и ја прекинаа програмата.
Потоа се собраа и пред ТВ Пинк и фрлаа јајца кон неа, а граѓани дојдоа и пред Радио телевизијата на Србија. Студентите во блокада ги осудија инцидентите и судирите замолувајќи ги граѓаните мирно да заминат по завршувањето на прославата. Порачаа дека не поддржуваат упади во медиуми и институции, ниту пак повикуваат на такво нешто. Повик да се прекине со насилството упати и носителот на Студентската листа Илија Срдановиќ.
-Ве молиме да останете до крајот на изборниот процес, а и понатаму мирни и достоинствени, какви што бевте и до сега. Изборите уште не се завршени, изборните резултати не се прогласени. Мораме да останеме достоинствени до крај, немојте да прибегнувате кон никаков вид на насилство, тоа ве молат вашата Студентска листа и вашето студентско движење, изјави Срдановиќ.
Сцените во Информер ги осуди и поранешниот претседател на Србија и поразен на парламентарните избори Александар Вучиќ. Според него ова покажува дека на неговите политички ривали малку им било потребно, да покажат дека сакаат само насилство кон неистомислениците.
-Имаме работа со опасни и неодоговрни луѓе, имаме работа со луѓе кои мислат дека сите треба да им се плашат, а не со луѓето да разговараат. Страшно се излажале, постојат луѓе кои се ова го поминаа во 2000-та година и ниту малку не им се плашиме, ќе им се спротиставиме на секое место, чувајќи го својот и личен и физички интегритет, изјави Вучиќ.
Додека во Србија трае еуфоријата по изброните резултати веќе им стигнаа барања од Загреб и Љубљана. Хрватска бара соробатока во однос на исчезнатите лица и воените злосторства во 90-тите години, за кои двете страни имаат целосно различни наративи. Од Словенија пак бараат официјално да им се предаде целата архивска документација на поранешните југослвоенски безбедносни и воени служи, која се однесува на оваа република, доколку Србија сака поддршка на патот кон ЕУ.
Матеја Петровски

