Реклама

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Македонија

Министерството за финансии: Усвоени измените на Законот за јавните набавки – поголема транспарентност и поефикасно трошење на јавните средства

Собранието, во рамките на 122. седница, ги усвои измените и дополнувањата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието, во рамките на 122. седница, ги усвои измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со кои се предвидуваат решенија за модернизација на системот на јавни набавки, зголемување на транспарентноста и конкуренцијата, како и поефикасно и поодговорно користење на јавните средства – информираат од Министерството за финансии (МФ).

Измените произлегуваат од досегашните искуства во примената на законот, потребата од негово усогласување со актуелните економски услови и реформските приоритети утврдени во реформската агенда и планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.

– Еден од клучните сегменти е унапредувањето на електронскиот пазар на набавки од мала вредност, со цел зголемување на неговата употреба и поттикнување поголема конкуренција меѓу економските оператори. Истовремено, се воведува задолжителна примена на критериумот – најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет, со што при изборот на најповолната понуда, покрај цената, ќе се земаат предвид и квалитетот и долгорочната оправданост –  појаснуваат од МФ.

Реклама

Со законските измени се зајакнува и дигитализацијата на јавните набавки преку проширување на надлежностите на Бирото за јавни набавки за користење современи дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција. Целта, според Министерството, е поефикасно следење на постапките, навремено препознавање ризици и спречување можни злоупотреби. Дополнително, се создава правна основа за воспоставување веб-сервиси и автоматска размена на податоци со други институции и релевантни субјекти.

– Во насока на зголемување на транспарентноста, се воведува обврска за објавување известување за доброволна претходна транспарентност кај постапките со преговарање, без објавување оглас во законски утврдените случаи. Со ова се овозможува поголем увид на јавноста и економските оператори, а истовремено се поедноставуваат одредени административни процедури.
Измените опфаќаат и професионализација на кадарот преку воведување систем на континуирано професионално усовршување на службениците за јавни набавки наместо периодична ресертификација преку повторно полагање испит. Исто така, се врши усогласување на вредносните прагови за примена на Законот со економските услови и растот на трошоците, како и ревидирање на надоместоците за жалбена постапка, со задржување на принципот на достапна и ефикасна правна заштита – се вели во соопштението од Министерството за финансии. 

Усвоените законски измени, потенцираат од таму, претставуваат дел од пошироките реформски активности за модернизација на системот на јавни набавки и негово усогласување со европските стандарди. Крајната цел, според МФ, е поголема транспарентност, посилна конкуренција и поефикасно управување со јавните средства во интерес на институциите и граѓаните.