Реклама

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Прилози

Алармантни бројки- пет илјади случаи на мозочен удар годишно, најмладата пацинетка има едвај 16 години

16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар која била лекувана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар која била лекувана на Клиниката за неврологија пред еден и пол месец. На клиниката во моментов се опоравува пациент кој има само 39 години. Ова се два примера од вкупно 5000 мозочни удари што се случуваат во Македонија на годишно ниво. Директорот на Клиниката за неврологија вели дека е исполнет  целиот болнички капацитет. За бројките вели дека се поразителни.

-За жал статистиките се поразителни кај нас и во светот. Бројот  Бројот на мозочни удари некаде кај нас се движи од 200 до 300 на сто илјади жители што не води до врвотна статистиката на пациенти кои што ја имаат оваа болест. Болеста е милтифакторијелна –вели директорот на Клиниката за неврологија Јован Божиновски.

На првиот ден од одбележувањето на Светскиот ден на мозочни удари се вршеа бесплатни превентивни прегледи на граѓани. Се мереше крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта. Превентивните прегледи имаат за цел   да се спречи  мозочен удар.

Реклама

-Целта на овој настан е да ја превенираме болеста и да укажеме, односно  да го свртиме вниманието на ризик факторите бидејќи кај најголем дел од пациентите  оваа болест може успешно да се превенира–вели директорот на Клиниката за неврологија Јован Божиновски–вели директорот на Клиниката за неврологија Јован Божиновски.

Интересот од страна на граѓаните беше голем. Го поздравуваат настанот и велат дошле да проверат во каква состојба е нивното здравје и дали имаат ризик од мозочен удар.

-Имам малку висок притисок, сабајле го мерев 150 со 90 и затоа се решив да дојдам. А идам на контрола редовно, Сега мислам нагла промена на времето се осеќа повеќе.

-Притисокот е најбитен, редовно и дома имам и сендо не памтам у живот под 150 да ми бил ама сега ми викаат 200 тоа е многу а шеќерот ми е нормален  5.7.

-Крвен притисок, шеќер,што уште друго не сум сигурен јас. Неактивност недвижење, холестерол тоа е тоа. Ова онака вонредно не е проблем кај интернист се-велат граѓаните кои ги анкетиравме

 Невролозите велат многу е важно навреме да се препознаат симптомите и веднаш да се побара лекарска помош бидејќи времето е клучно за да не дојде до компликации но и да се спаси живот. Тромболитичната терапија се дава во првите три до четири часа и таа може  да спречи потешки последици. Апелираат доколку  почувствуваат искривеност на едната страна на лицето, слабост на дланките, проблем со говорот веднаш да побараат медицинска помош. Со денешниот настан започнува тридневното одбележување на Светскиот ден на мозочни удари  а оваа година вакви настани како денешниот ќе има и во Тетово, Кавадраци и Охрид.