Без вода од 9 часот ќе останат корисниците од Батинци, како и делови од Чаир.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради чистење на резервоарот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци, поради исклучување на стара водоводна мрежа со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Чаирска“, „Отокар Кершовани“, „Васил Аџиларски“, „397“, „Мимар Синан“, „Албански националдемократи“ и „Петар Георгиев“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

