Реклама

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Прилози

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

„Интерпелацијата за работата на министерката Сања Божиновска ја ставам на гласање. Ве…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Интерпелацијата за работата на министерката Сања Божиновска ја ставам на гласање. Ве повикувам да гласате“, истакна претседателот на Собранието пред гласањето.

Само 19 пратеници се согласија со интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска. Со тоа, интерпелацијата поднесена од Левица беше неуспешна.

Претходно во собраниската дебата, Божиновска жестоко одговори на поднесената интерпелација. „Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот и не може обвинувањето да стане факт само затоа што е напишано во неиздржаната интерпелација“, им порача Сања Божиновска на пратениците. Таа потсети дека за само две години Македонија станала крстосница на енергетиката во Европа преку поврзување со вертикалниот коридор и враќање во функција на продуктоводот од Грција, преку кој Македонија добива нафта по застој од 10 години. Според неа, поради овие политики македонските граѓани имаат најниски цени на горивата, а енергетиката ја запре инфлацијата и е извор за стандардот на граѓаните. Во текот на дискусијата, пратениците изнесоа спротивставени ставови за состојбите во енергетскиот сектор:

Реклама

„Дали министерката во изминатите две години понуди суштински поинаков модел за финансирање на енергетскиот [сектор] и функционирање на енергетскиот сектор?, праша Амар Меџинович од Левица“

„Што предлагате вие? Ако ЕСМ ја продава поскапо, тоа значи зголемување на граѓаните и на нивните сметки за минимум од 50%. Дали со ова значи дека барате поскапа струја за домаќинствата? За универзалниот снабдувач хронологијата е неспорна. Како може да ми припишувате организација на постапка што започнала и завршила пред воопшто да постои Министерството?, му одговори Божиновска“

За Фатмир Битиќи од СДСМ оставката е неминовна бидејќи ништо не е исполнето од ветувањето во делот на спроведување на европските регулативи за заштита на животната средина“. А, Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ со факти докажав дека за две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ струјата не поскапела, а другата година ќе започне изградбата на хидроцентралата Чебрен и Галиште. А патем, со новиот Закон за енергетика и минерални суровини се регулира максималната заштита на животната средина преку европски норми“.

„Како социјалдемократ, за мене енергетската транзиција има и длабока општествена димензија. Нејзиниот успех се мери со сметките за струја на граѓаните, конкурентноста на компаниите и достоинството на работниците, а не само со бројот на нови мегавати. Оваа општествена димензија останува недоволно препознатлива во политиките на Министерството со кое раководи почитуваната министерка Божиновска“, рече Битиќи.

„Ако зборуваме кој колку ја поскапил струјата: две години ВМРО-ДПМНЕ – 0% поскапеност на струја, седум години СДСМ – над 100% поскапена струја. Идеме на друго: Чебрен и Галиште. Со задоволство, мене ми е чест, вас да ве известам ако не сте ја проследиле изјавата на премиерот Мицкоски дека догодина, фала му на Бога, здрави и живи, можеби и ќе се удри камен темелник на таа централа“, врати Стојановски.

По неизгласувањето на интерпелацијата, Божиновска останува на функцијата, а во следните шест месеци не може да биде поднесено повторно барање за нејзино отповикување.