Некој со жива музика, друг во пижами, а некој пред свадба. Секој излегува да гласа во Србија по своја волја.
Но, изборната комисија бележи масовна излезност и кај српската дијаспора. Србите кои живеат во странство организираа забави во очекување да се отворат избирачките места.
Предврмените парламентарни избори кај севернот сосед клучни – се носи одлука дали по 14 години ќе се смени власта и како ќе се движи државата во следниот период. . Неизвесноста се чини никогаш не била поголема. Досега резултатите од изборите во Србија биле лесно предвидливи, што не е случај и овој пат. . Србите избираат меѓу Вучиќ и „студентите“, предводени од професорот Илија Срдановиќ.
Србија руши рекорди по излезност. Осцен владејачката СНС и студентската листа, единствена можност да освои некој пратеник има и листата која ја предводи Ивица Дачиќ, која според различни анкетит се движи на минимналниот праг за влез во парламентот од 3 проценти.
Првичните резултати партиите се очекува да ги објават по 22 часот, додека пак државната изборна комисија најави дека првичните ноеифицјални резултати би ги сооопштила пред зори утре. За учесниците во изборниот процес масовна излезеност е очекувана., Меѓу оние кои уште рано утрината излегоа на избирачките места беше и носителот на листата на СНС, Александар Вучиќ.
Се надевам дека изборите ќе се одржат во ред и мир, исто како на ова гласачко место. Верувам дека вечерва ќе ја имаме демократската волја на граѓаните“. „Секогаш ќе дејствуваме одговорно, ако изгубиме ја признаваме волјата на гласачот, ако победиме, никој нема да ни ја одземе и тоа е сè. Денес, Србија избира во кој правец оди, дали оди во иднината или во минатото, во време на предаторски приватизации, економско уништување на земјата, политичко понижување на нацијата и целата држава. Па ќе видиме како ќе одлучи народот, волјата на народот е Божја волја, истакна Вучиќ.
Утринава на гласачкото место се појави и др. Илија Срданович, носителот на студентската листа. Тој изрази и задоволство од масовноста и големата излезност.
Граѓаните ќе го видат резултатот кој ќе биде најдобриот поаказател на изборната воља на граѓаните и најлегитимен можен начин на кој ќе можеме да дојдеме до нова гарнитура на власт која ќе ја води Србија во подобра иднина, изјави Срдановиќ.
Изборите во Србија се главна тема во Европа. Речиси сите медиуми полнат страници со извештаи од гласањето, и првите минути во вестите се посветени на тоа дали србите ќе изберат нова власт. . Десетици известувачи и дописници од највилјателните медиуми се во Белград, а посебен интерес пројавија и хрватските медиуми, pосебно, по заладувањето на односите помеѓу Србија и Хрватска. На почетокот на месецов, српската полиција во голема акција уапси граѓани кои наводно сакале да поттикнуваат немири во Србија. Меѓу уапсените граѓани во Ниш и во Нови Сад имаше и неколку хрватски државјани, што српските државни медиуми го искористија за обвинувања за директно хрватско мешање во изборниот процес.
„Се надевам дека во иднина ќе можеме да имаме нешто подобри односи со Хрватска, за тоа треба помалку да се мешате во нашите изборни процеси и во нашите внатрешнополитички околности. За тоа треба помалку да ја навредувате Србија секојдневно и за тоа треба да покажете поголемо почитување кон нашата земја, а потоа ние секогаш ќе покажуваме почитување кон вашата земја“, Почекајте вие Хрвати. вие сте ми толку фини и многу ми е драго што ве гледам во толкав број, да не знам што ви би рекол. Вие само стрпете се малку не сте вие едниствени. Ова се српски, а не хрватски збори. Знам дека вас овие избори се многу важни, но само стрпете се, изјави Вучиќ.
Студентите уште од синоќа алармираа за наводни неправилности на изборите во Србија. Тврдат дека се фалсификувал избирачки материјал, се вршел притисок за гласање, а дури утринава влегле и во канцелариите на наводно кол центар кој работел за Вучиќ. Но Срдановиќ и покрај ваквите тврдења, не побара стражи на избирачките места по завршување на гласањето.
Сега е најважно да се каже, сега луѓето треба слободно да излезат и да гласаат по сопствена совест“, дополни Срдановиќ.
Според државната изборна комисија во Србија, изборите поминуваат фер и коректно , со забележани неколку инциденти надвор од избирачките места. , Најсериозен инцидент е регистриран утринава кога мајката на Вучиќ била нападната. Полицијата веќе соопшти дека е приведен 28 годишен граѓанин на Србија, кој ќе мора да помине 48 часа во полициска станица, а во меѓувреме ќе добие и соодветна пријава.
Во избирачкиот список има запишано 6.450.523.

