Најниска утринска температура од 3 Целзиусови степени денеска до 8 часот е измерена на Попова Шапка, додека највисока од 13 степени во Гевгелија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според мерењата на УХМР, 5 степени се измерени во Маврови Анови, 6 во Берово и Тетово, 7 во Крива Паланка и Битола, 8 во Крушево и Охрид, 9 во Прилеп, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец и Велес, 10 во Кавадарци и Куманово, 11 во Струмица, 12 во Демир Капија и 13 степени во Гевгелија.
Според податоците на УХМР, во изминатите 24 часа до 8 часот утрово, врнежи од 4 литри на квадратен метар се регистрирани во Гевгелија и 1 л/м2 во Претор.

