УЈП ги проверува странските приливи од 2021 година. Македонските граѓани кои работеле во страство пред пет години година добиваат поштенски пратки од Управата со кои се бара да достават докази за уплатени даноци во земјата каде што работеле.
Но, добивањето на известување не значи автоматска потврда за постоење на даночен долг, бидејќи не секој прилив од странство подлежи на оданочување по законската стапка од 10 проценти. Обврската за пријавување се однесува исклучиво на доход кој подлежи на данок како што се плати, хонорари, приходи од консултантски услуги, интелектуални услуги, издавање недвижности преку платформи како Airbnb и Booking.com, капитални добивки, криптовалути, хартии од вредност, дивиденди, камати, авторски права и добивки од игри на среќа. Праксата на проверка на даночните обврзиници која започна од пред две години, продолжува да се одвива со несмалено темпо, се со цел државата да добие вистински увид во платените обврски од страна на македонските граѓани кои работеле надвор од државата.
„Врз основа на нашите известувања очекуваме дека граѓаните кои што оствариле доход да ги поднесат премсетките и сите докази за видот на доходот и платените средства, се што ќе води кон доказ за иутврдување на даночната состојба, бидејќи во овие случаи имаме примена на меѓунраодните договори за својното оданочување или двојното ослободување“, изјави директорката на УЈП Елена Петрова.
Но, УЈП потенцира дека целта не е граѓаните да се казнуваат, туку да им се помогне бидејќи не секој приход е оданочив приход. УЈП и по службена должност може да ги прибави потребните документи, но сепак бараат од граѓаните да дојдат во канцелариите, да пријават приход за да се надминат идните проблеми, односно да се бара наплата по судски пат на средства за кои државата смета дека се неоданочени.
„Направивме една опсежна активност или информативна кампања за овие даночни обврски со објавени информативни материјали. Најчесто поставувани прашања, но и отворени сме понатаму и редовно примаме и одговорамае на прашања на дончните обврзници“, додаде Петрова.
Граѓаните кои имаат добиено средства како подарок, семејна финансиска поддршка, позајмица или трансфери преку платформи како Western Union, Ria и MoneyGram не подлежат на оданочување доколку се докаже нивното потекло. Но, и доколку данокот веќе бил платен во друга држава, граѓаните можат да побараат негово признавање во согласност со меѓународните договори за избегнување двојно оданочување.

