Мечка угинала откако била удрена од патничко возило на автопатот Скопје-Тетово.
Според информациите од полицијата, вчера околу 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово патничко возило „волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Џ.Д. од Гостивар, удрило во дивото животно.
Смрт кај мечката констатирал ветеринар од Зоолошката градина Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

