Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД и ја потврдува усогласеноста со ЕУ

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во емисијата Надворешна-Светот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во емисијата Надворешна-Светот во дијалог на МРТ дискутираше за меѓународните односи на државата и посочи дека Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД, но и по однос на политичко-економската поврзаност со ЕУ и земјите од регионот – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас мислам дека Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД и по однос на нашата политичка економска културна континентална поврзаност со ЕУ и со земјите од регионот не би ги исклучил затоа што земјите од регионот се еден навистина битен параметар којшто е во наша корист“, изјави Милошоски.

Милошоски додаде дека Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери.

Реклама

„По однос на САД и Европа таа дилема сега се отвора затоа што имаме малку поразлични номенклатури на една или на друга страна, но во суштина ако гледате европскиот економски успех и демократија не би бил толку напреден и можен да ја немал американската стабилност и безбедносна поддршка во изминативе 60 години. Значи тоа е сепак една заедничка маса која ја држат четири заеднички ногарки, две се на Европа, а две се на САД и тоа е неразделно. И затоа сметам дека Македонија може да настапува на начин којшто ќе биде компатибилен и со развивање на стратешкото партнерство преку овие дијалози за стратешко партнерство и со политичките конекции со Европа, со некои земји со Германија, Австрија, Италија, Хрватска, Словенија, регионот“, рече Милошоски.

Милошоски посочи дека Македонија покажува високо ниво на усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија, што се потврдува и со податоците за гласање по резолуции, декларации и други акти во Обединетите нации во периодот од 2024-2026 година.

„Македонија има навистина многу добро досие, зборам во однос на ЕУ и еве баш имам една статистика за гласањето по одредени резолуции и декларации или акти во ОН. Македонија само 6 пати од 2024-2026, гласала исто како и САД, а спротивно на мнозинството членки на ЕУ во момент кога ЕУ немала заеднички став. Во спротивен случај сме гласале како мнозинството земји-членки на ЕУ кога немале консензус, а различно од САД, 148 пати. Значи се гледа дека нашата политика кога ЕУ има утврдена заедничка надворешна безбедносна политика, нашиот глас е придружен на ЕУ како целина“, кажа Милошоски.