Цените на нафтата продолжуваат со трендот на раст поради постојаните загрижености за ситуацијата на Блискиот Исток и безбедноста на снабдувањето, објави Cи-Ен-Би-Си.
Суровата нафта Брент го надмина прагот од 117 долари за барел за прв пат од 29 април, тргувајќи се по 117,08 долари за барел, што е зголемување на нејзината цена за 3,45 проценти.
Американската лесна сурова нафта WTI порасна за 3,79 проценти на 103,24 долари за барел.
Трендот на раст се одвиваше откако Техеран изјави дека ќе ги нападне нафтените постројки, подморските кабли, центрите за податоци и постројките за вештачка интелигенција во регионот на Персискиот Залив доколку биде преземена нова американско-израелска офанзива против Иран.

