Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на Општина Брвеница Стојанчо Радичевски, заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на Општина Брвеница Стојанчо Радичевски, заедно со вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски денеска беа во посета на селото Стенче, од каде упатија пораки дека се реализираат конкретни проекти за развој на оваа општина.

-Денеска сме во општина Брвеница, во селото Стенче, убеден сум во голема поддршка и победа во вториот изборен круг, со цел да можеме сето она коешто го ветуваме да го реализираме. Посетивме преубава црква, црквата Св. Екатерина, навистина едно мало чудо е направено овде коешто, од она што бев информиран доста е посетувано, не само од локалното население туку и од многу луѓе од цела Македонија кои доаѓаат да се помолат тука за здравје, да поминат убави моменти со своите пријатели, со своите семејства и ги поканувам сите коишто не биле да дојдат и да ја видат оваа прекрасна црква – рече Николоски.

Во таа насока, додаде Николоски, и ние ќе помогнеме имајќи предвид дека веќе заврши тендерот и избран е изведувач којшто треба да го изгради патот којшто оди до црквата и до с. Стенче, на тој начин многу побрзо од автопатот Тетово-Гостивар којшто понатаму оди и од Тетово кон Скопје, ќе се стигнува и до с. Стенче и до црквата Св. Екатерина и многу повеќе туристи ќе можат да доаѓаат тука и на тој начин да се развие и економскиот потенцијал.

Реклама

Николоски изрази уверување дека со конкретни проекти ќе ја поддржуваат општината, особено патната инфраструктура.

-Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и убеден сум дека после победата следниот викенд, после победата на локалните избори заедно со новиот градоначалник, Стојанчо, ќе работиме, да сработиме уште многу проекти и Министерството за транспорт и Владата се подготвени да помогнат на општината со цел да имаме уште многу реализирани проекти. Еден таков е на пример и патот којшто води до с. Гургурница, којшто исто така сме спремни заедно со општината да го работиме, да го рехабилитираме, да го прошириме, да го изградиме и да имаме едни 17 км пријатно возење до с. Гургурница.

Тој ги повика жителите да го заокружат бројот 1 во следниот круг на гласањето за градоначаник на Брвеница.