Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Tоп

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Сумите на ливчињата во сноповите со пари заѕидани во куќата на апелацискиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сумите на ливчињата во сноповите со пари заѕидани во куќата на апелацискиот судија Ѓоко Ристов ги пишувала неговата мајка Донка Ристова. Ова го тврди вештакот на одбраната  – Емилио Фришчиќ кој ја исклучи можноста ракописот да е на судијата. Тој пред судот објаснуваше зошто на ливчињата не се најдени ДНК траги од мајката на Ристов, туку само од судијата , за да ја докаже тезата дека 350 илјади евра се пари од долгогодишна заштеда на родителите.

  • „Скриптер е неговата мајка Донка Ристова. Остамувам на тоа мислење дека таа ги има напишано. ..Ако одредено чице пишува документ на хартија со својата рака односно со површина на кожата допира на хартијата голема е веројатно дека ќе останат епителни клетки кои подоцна можат да бидет предмет на вештачење односно ДНК. Ако лицето нема никаков допир со хартијата тогаш ќе нема никаква трага налистот“ сведочеше Емилио Фришчиќ – Вешто лице повикано од одбраната. 

Спин-сценарио е обидот одбраната да докаже дека парите на кои има траги само од обвинетиот судија се на мајка му, оценува обвинителката.

  • „Веројатно спинот беше на линија на некаква контаминација, но тешко е да поверуваме дека ливчињата Донка ги допирала или ги триела од обвинетиот Ѓоко, па теоретски да дојдеме до некое хипотетичко и фантастично сценарио дека оттука доаѓа до пренос на ДНК-материјал“ – рече обвинителката Искра Хаџи-Василева – Обвинител од ОЈО за ГОКК.

Сведок на одбраната беше и таткото на сопругата на Ристов, Ивица Зориќ кој тврдеше дека тој дал 70 илјади евра за да се купи заедничкиот стан на сопружниците во Скопје. Банкноти во евра од по 200 и 500 апоени им ги дал на сватовите Ристови за да уплатат за 150 квадрати во  главниот град.

Реклама
  • „На една средба со сватот и сваќата им дадовме 70 илјади евра што не значи дека тоа е завршна сума од наша страна и дека ќе учествуваме во опремuвање на станот бидеjќи материјалнo добро стоиме како семејство.. “ рече Ивица Зориќ –Сведок на одбраната.

За ваквото сведочење одбраната не продолжи ниту еден материјален доказ.

  • „Обвинителството од почеток тврди дека парите се негови, иако се најдени во ѕид во куќа кај друго лице, а притоа не постои ниту еден коруптивен предмет за кој можам да кажам дека од него потекнуваат парите. Арно ама, ние веќе неколку месеци водиме постапка на жими мајка“- рече Давидовиќ.

Одбраната на Ристов не се откажува ниту од тоа на суд да сведочи Љупчо Пецов Ѓаволот, за чиј предмет требало да издејствува судијата Ристов, откако не успеале да го добијат на телефон.

На следното рочиште треба да биде сослушан сведок, исто така на одбраната кој треба да појасни зошто ДНК-траги се пронајдени само од судијата а не и од неговата мајка.