Промена на моделот на пресметка на плата птредложија од Сојузот на Стопансклтие комори. Тие не се согласуваат со идејата на Стопанската Комора за кратење на празниците и неработните денови, туку предлагаат решение за нов метод на пресметка на платата и мерење на просуктивноста. Место досегашниот начин на пресметка на плата да се примени пресметка по изработен час. Ваквата пресметка на личниот доход ќе придонесе за зголемена продуктивност и за повисоки плати. Владата нечелно се согласува со овој предлог. Тие велат дека ќе се разгледува идејата, ќе се направат премсетки и ќе биде понудено решение на економско социјалниот совет.
„И јас веднаш ќе кажам едно прашање коешто во иднина сакаме исто така да се разгледува од страна на државата, тоа е плаќање по часовнина. По пример на развиените пазарни либерални економии, тоа е еден многу интересен модел којшто ќе ги фаворизира работливите, продуктивните бидејќи тие ќе можат повеќе да заработат, а во исто време ќе даде флексибилност зголемена на трудот“, рече Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССКМ
„Мислам една од опциите која понатаму треба да се разгледува со цел зголемување на продуктивноста на вработените не само во јавниот сектор туку и во приватниот сектор е плаќање по работен час. Тоа има повеќе методологии на пресметување, треба да се разгледа, треба да се видат примерите од неколку покраини, развиени држави каде што исто така работното време се пресметува во изработени часови и мислам дека тоа е една од опциите која понатаму треба да ја разгледуваме токму на тие економско-социјални совети.“, изјави Маријан Ристески, заменик министер за економија и труд
Не само платата, туку и административните бариери се нотирани како проблем за раст на македонската економија. Потребно е брзо решавање на предмети во интерес на бизнисот и граѓаните. И последните владини анализи потврдуваат дека ова е реален проблем, и затоа решавањето на овој проблем е високо на владината агендата.
„Работиме на намалување, на упростување на постапките кои заедно со бизнис секторот ги работевме и видовме дека има од да речам 100 мапирани постапки за давање услуги, дека 51 од тие постапки се проблематични и можат да бидат упростени. Кај нас имаме изработено методологија за оптимизација на 28 парафискални давачки од Министерството за економија и труд. Многу битно е да се каже дека тоа го завршивме во предвидениот рок и сега чекаме оценка да добиеме од Европската комисија која се надевам ќе биде позитивна.“, додаде Ристоски.
Посебен предизивик е економско – енергетската криза. Компаниите смируваат, Засега нема да има поскапување на основните производи. Цените ќе останаат стабилни. Иако цената на нафтата подолг период е покачена, засега, поради презмените владини мерки се држи на стабилно ниво, без поголеми осцилации и дава предвидливост на торшоците на компаниите. Владата останува на ставот дека тие ќе направат се што можат да се одржи ценовната стабилност, во време кога поскапуваат енергенсите и на цените на основните репроматеријали. Но, и во вакви услови, Владата вели дека е задоволна од тоа како се справува со предизвиците. Потенцираат дека за правилните политики потврда стаса и од Евростат, од каде ссооштија дека во Македонија цената на основните прехрамбени продукти е далеку поефтина од цените во ЕУ и од регионот.

