Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

ФУЕН ја објави резолуцијата за Македонците во Албанија на англиски, германски и руски јазик

Федералната унија на европските националности ја објави резолуцијата за Македонците во Албанија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Федералната унија на европските националности ја објави резолуцијата за Македонците во Албанија на три јазици: англиски, германски и руски – информираат од Македонско друштво „Илинден”-Тирана. 

Резолуцијата на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) со која се поддржуваат Македонците во Република Албанија во барањата за надминување на проблемите, ја објави на три јазици: англиски, германски и руски.

– Ова е навистина добра вест за нас, бидејќи со текстот на Резолуцијата сега се дава можност да се запознаат многу малциства во светот. Со Резолуцијата, во име на Македонското друштво „Илинден“ и македонското национално малцинство во Република Албанија, меѓу другото, се бара од Владата на Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да преземе ефективни мерки за заштита на македонскиот идентитет од негирање и асимилација, Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата административно-територијална реформа, како и Општина Пустец да се преименува во Општина Преспа, истакна Никола Ѓурѓај.

Реклама

Резолуцијата, ФУЕН ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, Парламентот и меѓународните институци. (Англиски: https://fuen.org/assets/upload/editor/docs/doc_lQNhcA9k_Resolutions%202026%20EN_web.pdf
Германски: https://fuen.org/assets/upload/editor/docs/doc_vMpXvOCS_Resolutions%202026%20DE_web.pdf
Руски: https://fuen.org/assets/upload/editor/docs/doc_15stWeCP_Resolutions%202026%20RUS_web.pdf)

Резолуцијата едногласно беше усвоена на 70. Конгрес на ФУЕН, кој се одржа во Хелсинки, Финска, а на кој учествуваа претставници на 100 организации-членки од 38 европски земји.

Македонско друштво „Илинден”-Тирана е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци, кое е рамноправен член, со право на глас.