Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Тентов: Инвестираме во иднината на Дојран со реконструкција на главниот пат, подобрено водоснабдување и функционален хидросистем

Измина една година од денот кога вие на локалните избори ми ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измина една година од денот кога вие на локалните избори ми ја дадовте довербата да раководам со Општина Дојран, па затоа чувствувам должност и обврска да се обратам пред сите вас и да ви дадам отчет за сработеното во оваа измината година. Во периодот зад нас, Општина Дојран посветено и макотрпно работеше на реализација на повеќе проекти и активности насочени кон подобрување на инфраструктурата, уредување на јавните простори, подобрување на комуналните услуги , заштита на животната средина, развој на спортот и културата, развој на туризмот, како и поддршка на најмладите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од отчетот на Илија Тентов, градоначалник на Општина Дојран.

Во делот на инфраструктурата би ги издвоил следните проекти, реконструкција на главниот пат во Стар Дојран. Со добро менаџирање, работа и упорност успеавме да обезбедиме од ЈПДП да се изврши реконструкција на главниот регионален пат во Стар Дојран во должина од 2км. Овој пат е главниот пат кој води до границата со Р. Грција и истиот е многу користен од нашите и странските  туристи. Улица која е многу прометна особено во летниот период, а со ова овозможивме зголемена безбедност на нашите сограѓани, но и за домашните и странските туристи кои транзитираат низ Дојран или се посетители на Дојран, но и за самиот изглед на градот. Исто така се изврши реконструкција на главниот пат и во Нов Дојран во должина од 500м.

Санирање и уредување на кејот на Дојранското Езеро со што е извршена  замена на оштетени делови од бекатон плочки и поставување на нови со израмнување на вдлабнатините настанати со текот на времето. Опфатена е површина од околу 3000 метри квадратни, со овој инфраструктурен зафат се овозможи поубав изглед на кејот, негова подобра и побезбедна функционалност. Реконструкција и унапредување на водоводната мрежа во Нов Дојран, со вкупен опфат од 750 метри, преку реконструкција на делови од водоводната мрежа, главната водоводна линија и водоводен крак, со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето.

Реклама

Оваа година можеме да се пофалиме дека водоснабдувањето особено во Стар Дојран и неговите високи делови беа речиси без прекин, нешто што во изминативе години беше чест случај и нажалост Дојран беше препознаен по недостаток на вода во летниот период. Можеме да заклучиме дека со добро менаџирање и откривање на главните причинители на дефектите и нивно санирање успеавме да обезбедиме вода во најтоплите денови во годината.  

 Унапредување на канализациската инфраструктура Изградба на секундарна канализациона мрежа во Стар Дојран, во должина од 200 метри и 150 метри во Нов Дојран со што се унапредува комуналната инфраструктура и се подобруваат условите за живот на жителите. Набавка на современа комунална механизација. Преку Министерството за локална самоуправа е обезбедена современа механизација за подобрување на јавните комунални услуги, одржување на јавните површини во Општина Дојран. Набавена е следната механизација: Трактор со кабина, телескопски хидрауличен мулчер, мулчер со кардан и мини багер. Со оваа инвестиција се создаваат подобри услови за поефикасно одржување на јавните површини, крајбрежјето, патиштата, како и за побрзо и поквалитетно извршување на комуналните услуги.

За прв пат по многу години со помош на донација од Operation Florian, набавено е ново противпожарно возило, набавена е противпожарна опрема и извршена е обука на пожарникарите од ДППД Дојран. Со оваа инвестиција се создаваат подобри услови за поефикасно одржување на јавните површини, крајбрежјето, патиштата како и за побрзо и поквалитетно извршување на комуналните услуги. За прв пат по многу години со помош на донација од Operation Florian набавено е ново противпожарно возило, набавена е противпожарна опрема и извршена е обука на пожарникарите од ДППД Дојран. Со оваа набавка Дојран доби возило со кое се овозможува чувство на зголемена безбедност кај граѓаните и туристите, а на самите пожарникари побезбедни и подобри услови за работа.

Со цел овозможување на успешна туристичка сезона и што подобро претставување на Дојран  пред туристите, извршивме расчистување на вегетацијата, тампонирање на дел од крајбрежниот појас, чистење на езерото со амфибија, како и попесочување на неколку плажи со цел подобрување на условите за користење на истите, но и поубав изглед на градот. Посебно внимание беше вложено во јавната чистота, со што беа поставени зголемен број на корпи за отпадоци, но и зголемен број на вработени кои ќе се грижат за нивното секојдневно празнење.

На главното шеталиште во Стар Дојран извршено е целосно ново хортикултурно уредување, замена на оштетениот систем за наводнување, чистење и поправка на оштетени делови на урбана опрема, детски игралишта, спортски игралишта во и околу паркот, редовно одржување на зеленилото. Со ова се овозможи Дојран да биде чист и зелен во периодот на туристичката сезона но и во текот на целата година со што се придонесе за поубав изглед на градот.

Што се однесува до животната средина и Дојранското езеро ги преземавме следните активности. Пуштање во функција на хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“, како значајна активност во насока на заштита и унапредување на езерскиот екосистем и враќање на водостојот на езерото. Поставување модуларен контејнер со преса и придружна опрема за механичко обезводнување на милта од новата пречистителна станица, со што се овозможува намалување на нејзиниот волумен и полесен транспорт, ракување и привремено складирање, со намалување на ризикот од загадување на животната средина.

Завршување на изградбата на системот (изградени мочуришта) во село Фурка, како природно-базирано решение за третман на отпадните води и унапредување на заштитата на животната средина. Организирање на заеднички еко акции за чистење на градот и населените места, вклучување на најмладите во еко акции и зголемување на свеста на сите нас за зачувување на животната средина. Голем бројот на корпи за отпадоци, корпи за селекција на отпад, грижа за правилно депонирање на отпадот во депонијата и нејзина заштита од запалување.

Во делот на спортот изградено е  ново фудбалско игралиште со вештачка трева, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со цел создавање современи услови за спорт и развој на фудбалот, но и поттикнување на младите дојранчани да почнат да се занимаваат со овој спорт. Исто така обезбедуваме услови за спортски туризам односно Дојран да биде место за подготовки на фудбалски екипи од земјата и странство, но и организирање на многу фудбалски натпревари. Набавени се 500 столчиња за трибината на градскиот стадион во Нов Дојран со цел подобри услови за сите поддржувачи на нашиот клуб Дојранско езеро. Континуирана финансиска и институционална поддршка на спортските клубови од Дојран кои го претставуваат градот во државата и надвор од неа.

Во делот на културата и туризмот Општина Дојран и оваа година учествуваше на меѓународниот саем за туризам во Белград, каде ги претстави своите културно историски знаменитости и богата сместувачка и гастрономска понуда.

Оваа туристичка сезона ја отворивме традиционално со Дојран Гурман фест, фестивал на добра храна и музика. На овој фестивал ги прикажавме дојранската традиционална кујна, но и дојранската традиционална пеcна и игра.  Културната понуда продолжи во текот на целата туристичка сеозна со организирање на богата културно – забавна програма со ангажирање на поп артисти од земјата и регионот, театарски претстави, културно уметчнички друштва, филмскиот фестивал Преку езерото и обезбедивме забава за сите генерации и вкусови.

Хортикултурно и партерно уредување како и осветлување на црквата Св. Илија, најпознатиот црковен храм во Дојран, кој сега има нов изглед кој плени со својата убавина и се даде една посебна убавина на Дојран.  Континуирана финансиска и институционална поддршка на културно-уметничките здруженија од Општина Дојран, со цел поттикнување на спортот, културното творештво и активното учество на граѓаните во општествениот живот. „Дојранско културно лето“, организирање и реализација на „Дојранско културно лето“, со богата културно-забавна програма и ангажирање на поп-артисти од земјата и регионот, со цел збогатување на културната понуда и создавање на атрактивна програма за жителите и посетителите на Дојран.

Континуирана финансиска и институционална поддршка на спортските клубови и културно-уметничките здруженија од Општина Дојран, со цел поттикнување на културното творештво и активното учество на граѓаните во општествениот живот.Во соработка со Министерството за култура се врши археолошки истражувања на  наколна населба кои фрлаат ново светло за развојот на бронзеното време во Дојран и во Република Македонија и ова значајно историско открие ќе придонесе за зголемен развој на општината и на туризмот.

Во областа на образованието и поддршката за најмладите, ја зголемивме паричната помош за првачиња од 6.000 на 10.000 денари, како поддршка за семејствата и најмладите жители на Општина Дојран при започнувањето на нивното основно образование. Ја зголемивме финансиска поддршка за новороденчињата од 10 000 на 15 000 денари за новороденче како дополнителен поттик за раст на наталитетот во нашата оштина.

Дојран оваа година може да се пофали како една од ретките оштини во кои немавме пожари, како на депонијата, така и во планинските предели околу Дојран како што тоа беше случај во претходните години. Тоа е показател дека свеста на граѓаните на општина Дојран е подигната на највисоко ниво, на што сум премногу горд и благодарен на сите сограѓани, и ве замолувам таа свест само да ја зголемуваме во иднина и заеднички да работиме на свеста за чување на животната средина. Дојран во изминатава година се соочи со еден пожар кој настана на грчка територија но поради силните ветришта се префрли и на нашата територија, но со брза и ефикасна реакција на ДППД Дојран и доброволци, пожарот беше ставен под контрола за брзо време.

Би сакал да го споменам и невремето кои се случи во Дојран, невреме какво Дојран не памети во изминатите децении. Со брза интервенција, добра организација, успеавме штетите од невремето да ги сведеме на минимум, градот деноноќно да се чисти благодарение на сите вработени во институциите во оштината, и голем број доброволци и да се овозможи непречено и безбедно движење и фунцкионирање на сите граѓани и туристи. Дојран покажа дека може да се справи и со природни непогоди од големи размери, за многу кратко време.

Дојранчани заслужуваат подобри услови за живот, Дојран заслужува да биде бисер на југот, град кој ќе биде светол репрезент на Македонија и македонската култура, историја и традиција,  а ние сме тука тоа да го оствариме со напорна работа, конкретни активности и инвестиции. Продолжуваме да создаваме подобри услови за живот за нашите граѓани, како и подобра туристичка, културна и спортска понуда за посетителите. Дојранчани заслужуваат подобри услови за живот, а ние сме тука тоа да го оствариме со напорна работа.