Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Битолскиот Музеј промовиран на меѓународна конференција во Литванија

Националната установа Завод и Музеј Битола претставувана од директорката Маргарета Спасов и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната установа Завод и Музеј Битола претставувана од директорката Маргарета Спасов и д-р Ирена Ружин учествуваа на годишната конференција на НЕМО (Network of European Museum Organizations) во Вилниус, Литванија.

Конференцијата се одржа во Националниот музеј-Палатата на големите војводи на Литванија, каде меѓу 330 музејски професионалци од 41 држава, присуствуваа и претставниците на битолскиот Музеј.

-Во Вилниус се разменуваа идеи за начинот како музеите да се справат со предизвиците со вештачката интелигенција, која е сè повеќе присутна во секојдневната работа, за довербата на јавноста и сајбер-безбедноста. Низ практични работилници и конкретни примери од музејската практика, врвни експерти од Европа го пренесоа своето знаење и искуство од областа на вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста, информираа од НУ Завод и Музеј Битола.

Реклама

За време на престојот во Вилниус, битолските претставници ја промовираа македонската национална установа, учествуваа на интерактивни работилници и остварија нови контакти со колеги од Европа кои им ги овозможи тимот на Network of European Museum Organizations.