Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Минатата власт не ја „цедела“ само главната сметка на Државна лотарија, туку и сметките на нејзините фирми ќерки

Минатата власт не ја цедела само основната сметка на Државна лотарија, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минатата власт не ја цедела само основната сметка на Државна лотарија, туку и сметките на нејзините фирми ќерки. Државниот завод за ревизија утврди сериозни сомнежи за финансиски злоупотреби во пет фирми, кои ги основала дражванат лотарија и каде има мнозинска сопственост од 51 процент. Пронајдени се сомнителни и без покрите милионски влогови, долгорочни договори од над 10-15 години со други компании, како и слаба контрола каде и за што се трошеле парите.

Ревизијата утврдила, дека во фирмите кои се основани во 2023 и 2024 година, едно се договарало, а друго се исплаќало, и се правеле договори со фирми кои ја врзуваат Лотарија да ги користи нивните услуги и да ги плаќа цели 15 години, без разлика дали за такво нешто ќе има потреба.

  • „Кај петте друштва се констатирани состојби, неправилности и неусогласености во работењето и поради нивното значење е изразено неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година“, наведуваат ревизорите.

Проблем се и парите потрошени за реклами, промоции и пропаганди. Кај „Државна лотарија – Моззарт“, „Државна лотарија – 77 Битс“ и „Државна видеолотарија – Казинос Австрија“ недостигала целосна документација на кого му се давани и за што се трошени парите. Поради тоа, ревизорите не можеле во целост да потврдат дали овие пари биле потрошени наменски и рационално, или се делеле од ракав.

Реклама
  • „Кај ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА–77 БИТС и НОВО-ВЛТ биле утврдени неправилности при закупот на деловен простор, при што биле склучувани договори со заинтересирани страни без претходно одобрување од Собирот на содружници, согласно одредбите од Законот за трговските друштва“ стои во Извештајот на ДЗР. 

Слабости се утврдени и при набавките на софтвер, интернет-платформи со играчки содржини, како и услуги за одржување и техничка поддршка на ВЛТ терминалите. Постапките биле незаконски, а во најголем дел од постапките била доставена само една понуда. Договорите кои биле склучувани се со рок на важење од 15 години кај дел од друштвата и 10 години кај „Ново-ВЛТ“.

Во меѓувреме, по смената на власта, и откривањерто на криминалите во државна Лотарија, новата влада меѓудругото реши да укине 3 од овие фирми.

Ова открите на ревизијата е само мал дел до криминалите и сомнежите за злупотреба на државнит пари од Лотарија за време на минатата власт.

Најголeм случај во врска со милонските злоупотреби е тој со штета од над 10 милиони евра за кој обвинителна клупа седат екс првиот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами.