Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

МЕРМС: Новите предлог-закони за рударство и геологија претставени пред стопанството

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги претстави новите закони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги претстави новите закони за рударство и геологија на јавна расправа во Стопанската комора, со фокус на усогласувањето со европските стандарди, дигитализацијата и одржливото управување со природните ресурси.

Законските решенија, како што посочуваат од МЕРМС, се насочени кон поголема правна сигурност, поттикнување на инвестициите, поефикасни административни постапки и зајакната заштита на животната средина. Тие беа подготвени преку консултации со релевантните чинители, поставени на ЕНЕР и преку меѓународна експертска ревизија.

-Со посебниот Закон за геологија се воспоставува системска рамка за геолошки истражувања и управување со податоците, додека воведувањето на Македонскиот рударско-геолошки информативен систем (МакРГИС) ќе овозможи дигитализација и поголема достапност на информациите, велат од МЕРМС.

Реклама

Законот за рударство,прецизираат, предвидува реализација на Стратегијата за минерални суровини, механизми за поддршка на стратешките проекти и усогласување со европските политики за критични суровини.

-Во областа на заштитата на животната средина, новите законски решенија воведуваат обврска за обезбедување 100% финансиски гаранции за санација и рекултивација, со што државата добива механизам за целосно покривање на трошоците за обновување на просторот по завршување на експлоатацијата. Истовремено, се воспоставуваат современи правила за управување со рударски отпад, задолжителни планови за затворање на рудници и рекултивација, како и мерки за санација на историски деградирани рударски простори. На овој начин се зајакнуваат механизмите за заштита на животната средина и се обезбедува поодговорно и одржливо користење на минералните ресурси, посочуваат од МЕРМС.

Истакнуваат дека на јавната расправа се обрати и државниот секретар во Министерството, Горан Јовановски, кој истакна дека новите законски решенија се значаен чекор кон воспоставување современа и функционална рамка за развој на рударството и геологијата.

-Нашата цел е да воспоставиме законска рамка што ќе обезбеди правна сигурност за стопанските субјекти, ќе ги поттикне инвестициите и ќе овозможи одговорно управување со минералните суровини. Преку современи правила, дигитализација и зајакнати механизми за заштита на животната средина создаваме услови за одржлив развој на рударско-геолошкиот сектор- истакна Јовановски.

На јавната расправа беше нагласена важноста на соработката со стопанството за спроведување на реформите и создавање предвидлива деловна средина, со цел развој на модерен и одржлив рударско-геолошки сектор.