Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Силните партнерства, како тоа со Унгарија, може да го зголемат нашето влијание, да отворат пазари и помогнат во остварувањето на нашите стратешки цели, вели новата амбасадорка Лопарски

Вонредните и ополномоштени амбасадори во Арапска Република Египет, Елма Алторок и во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вонредните и ополномоштени амбасадори во Арапска Република Египет, Елма Алторок и во Унгарија, Татјана Лопарски денеска ги претставија платформите за нивната дипломатската активност пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија.

Во претставување на платформата за дипломатските активности, Татјана Лопарски истакна дека Унгарија има значење за нашите приоритети. Истовремено, таа е сојузник во НАТО, членка на Европската Унија, економски партнер и држава со непосреден интерес за стабилноста на европската интеграција на Западен Балкан. Смета дека за држава како нашата со ограничени дипломатски и економски ресурси, особено е важно каде го насочуваме ангажманот во дипломатијата.

Вонредните и ополномоштени амбасадори во Арапска Република Египет, Елма Алторок и во Унгарија, Татјана Лопарски денеска  ги претставија платформите за нивната дипломатската активност пред чле

– Силните партнерства, како што го имаме со Унгарија, може да го зголемат нашето влијание, да отворат пазари и да помогнат во остварувањето на нашите стратешки цели. Нивната вредност се гледа во она што може да го постигнеме преку нив, истакна Лопарски.

Реклама

Основната порака од нејзината теза подвлече дека е постојната политичка и договорна основа да ја претворат во трајно институционално партнерство со мерливи економски и општествени придобивки.

Дипломатските односи меѓу двете земји траат од 1994 година. Меѓувладината седница во Охрид во 2024 година, вториот владин самит во Будимпешта и договорот за стратегиска соработка од 2025 година ја поставиле основата за соработката. Според неа, таа основа треба да ја потврдиме со новата влада.

– Промената на власта во Будимпешта ја прави оваа задача особено актуелна, бидејќи вистинската сила на едно партнерство се покажува токму кога се менуваат околностите, истакна Лопарски.

Европската Унија, нагласи таа, ја дава економската сила на Унгарија, бидејќи речиси три четвртини од унгарската стокова размена се одвива со земјите од Европска Унија.

– НАТО и Соединетите Американски Држави се поврзани со безбедноста, Кина е присутна преку капитал и производство, а Русија е присутна преку обезбедување на енергетскиот баланс на земјата. Новата насока на владата на Петер Маџар има и домашна основа, истакна Лопарски, подвлекувајќи дека анкетите покажуваат оти 61 отсто од граѓаните се задоволни во насоката од која се движи државата и оти 57 проценти го сметаат Маџар за соодветен премиер.

Тоа, според неа, укажува на силна позиција на новата власт, но и на намалување на почетниот ентузијазам што е разбирливо по избори.

– Нашата практична задача е јасна. Да имаме поширока мрежа на односи со Владата, со Парламентот, со министерствата и со регионите, бидејќи вредноста на едно партнерство за да биде препознатлива, мора да биде направена да биде надвор од личните односи кои ги имаат лидерите, рече Лопарски.

Западниот Балкан, според неа, има трајно значење за Унгарија.

– Стабилното соседство значи побезбедни граници, посигурни транспортни правци и подобри услови за бизнис. Тоа е државен интерес на Унгарија. Северна Македонија има свое место во тоа поврзување. Коридорот 10 ставаат на правецот помеѓу централна Европа и Егејското Море. Но, географијата вреди само кога патиштата функционираат и кога компаниите можат да работат, рече Лопарски.

Смета дека Унгарската поддршка за нашето членство во Европската Унија е особено важна подвлекувајќи дека ќе работи таа поддршка да остане цврста и со новата Влада која, вели, сега има поголема доверба во Брисел.

Во однос на отворените прашања со Бугарија, Лопарски смета дека Унгарија може да помогне преку дијалог и застапување. Се разбира, додава таа, за ова прашање е потребна поширока поддршка градена со добро подготвени аргументи, реформи и заштита на македонскиот јазик и идентитет.

Политичката поддршка, додаде, сакам да ја надградиме и со практично знаење.

– Акцискиот план за споделување на знаење од март 2025 година овозможува нашите министерства да добијат унгарски експерти за европските процедури и за подготовка на проекти. Вредноста на таква размена ќе се види кога ќе имаме обучен тим кој може да подготви многу добар проект, истакна Лопарски. 

Во делот на економијата спомена дека во првите 11 месеци од 2025 година, размената со Унгарија достигнала околу 537 милиони евра со раст од 17%. Македонскиот извоз е зголемен за речиси 29%, а имаме суфицит од околу 142 милиони евра.

– Значи, Унгарија не е само политички партнер, таа е пазар на кој успеваме, истакна Лопарски, посочувајќи дека унгарскиот систем за надворешна економија бил променет.

Во нејзината програма најави идеја за „експорт Хангари“ за почетна група од 15 до 20 македонски компании со извозен капацитет во храна, фармацијата, виното и во информатичката технологија.

– Ќе носиме унгарски купувачи во Македонија за непосредно да ги запознаат нашите производители. Резултатот ќе го мериме преку понуди, пробни спорови и договори што ќе прераснуваат во редовни нарачки, рече Лопарски.

Слична дисциплина на работа најави и кон инвеститорите, односно оти за секоја компанија ќе водат кратко досие, каков е интересот, кој е одговорен и кој е следниот чекор.

Лопарски ги спомена и унгарските вложувања во Македонија меѓу кои и телекомуникациска компанија „Фор-ај-џи“.

– Мојата амбиција е развојната корист да се прошири, односно корист да имаат македонските добавувачи и компании кои ќе работат со оваа компанија, инженерски обуки, партнерства со наши факултети, додаде Лопарски.

Предложи и „Македонски денови во Унгарија“, годишна програма за нашата уметност, музика, филм, книжевност, гастрономија, туризам…

– За нашите луѓе во Унгарија Амбасадата треба да значи точна информација, навремен одговор и поддршка кога е потребна и простор, особено за младите, да ја зачуваат врската со македонскиот јазик и со татковината. Во првите 100 дена ќе спроведен преглед на сите договори, отворени иницијативи со носител, следен чекор и рок за секоја средба, средби со клучни институции на новата влада и со парламентарната група на пријателство, и кратка листа приоритети што можат да се притиржат уште во првата година, истакна Лопарски.

Мандатот рече дека го гледа во четири фази: прво основа и подготовка, потоа реализација, проширување на она што дава резултат и на крај одржливост, механизми што ќе продолжат како дел од редовните активности.

Алторок, пак, истакна дека е дипломат со долгогодишно искуство во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, со три мандати зад себе во регионот на Блискиот Исток, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати, државата Катар и последниот во Арапската Република Египет. Египет, нагласи таа, со својата илјадници години стара цивилизација, со геостратешка позиција и активното учество во сите регионални и глобални процеси претставува еден од најзначајните партнери на Македонија во регионот на Блискиот Исток и на африканскиот континент.

– Непосредно имав можност да се запознаам со политичките процеси на државата, дипломатската култура, меѓу другото да воспоставам професионални контакти кои сметам дека со моето именување ќе придонесат за продлабочување на дипломатските односи помеѓу двете пријателски земји, истакна Алторок.

Таа истакна дека поактивното учество на нашата држава во регионот на Блискиот Исток е од особено значење, бидејќи како што посочи, Египет е земја партнер на Медитеранскиот дијалог на НАТО. -Активното учество и поблиската соработка меѓу двете земји е од особено значење во овој период токму заради сите случувања во регионот на Блискиот Исток и во Црвеното Море, истакна Алторок.

Нашата цел, нагласи, е создавање нови можности за економска размена, привлекување инвестиции, поврзување на стопанските комори и компании како и интензивирање на соработката во земјоделството, енергетиката, туризмот, образованието, науката и културата.

– Како иден амбасадор ќе работам во зајакнување на политичкиот дијалог и мултилатералното партнерство. Мој приоритет ќе биде интензивирање на средбите на највисоко државно ниво, вклучително подготовка на официјални државни посети на ниво на претседател, премиер на држава, претседател на Собрание. Ќе инсистирам за воспоставување на редовни годишни политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи, кои ќе ги координираат билатералните проекти и гласачките позиции во рамките на Обединетите нации и Унијата на медитеранот, подвлече Алторок.

Арапската Република Египет, нагласи, е една од најзначајните држави во арапскиот и африканскиот простор со население од околу 120 милиони жители и со својата географска положба има исклучително стратешко значење. Египет е најнаселена арапска земја и трета по големина економска сила во африканскиот свет. Преку контрола врз Суецкиот канал, Каиро го држи клучот на една од најважните поморски артерии во светот низ која минуваат над 12% од глобалната трговија и 30% од светскиот контејнерски сообраќај. Египет е политичко и дипломатско срце на арапскиот свет.

– Со развивање на длабоките дипломатски партнерства со Каиро, обезбедуваме директна порта за пристап до единствениот африкански пазар од 1,5 милијарди луѓе, додаде Алторок.