Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

МБА: Се наближува примената на новите стандарди во националниот платен промет – промените не значат промена на постојните платежни сметки

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека во текот на месец ноември…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека во текот на месец ноември започнува примената на  донесените регулаторни промени со кои се воведуваат промени во платните налози, ознаките за целта на плаќањето и начинот на означување на платежните сметки.

Промените произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи и од соодветните подзаконски акти на Народната банка на Република Северна Македонија. Нивното започнување на примена е поврзано со модернизацијата на  платните системи во земјата.

За граѓаните и компаниите, најважно е дека бројот на нивната сметка не се менува. При плаќање, платежната сметка ќе се користи во ИБАН – формат, односно со додавање на ознаката МК07 пред постојниот број на сметката. Приспособувањето во електронското и мобилното банкарство ќе го направат банките.

Реклама

Ќе започнат со примена и нови, стандардизирани платни налози, кои ќе ги заменат досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53. Новите обрасци ќе се користат и во хартиена и во електронска форма.

Промена има и кај ознаките за целта на плаќањето. Досегашните нумерички шифри ќе бидат заменети со нови четиризнаковни ознаки, со што ќе се овозможи попрецизно наведување на намената на плаќањето и подобра обработка на податоците.

Компаниите кои користат автоматизирана размена на налози, сметководствени и или други интегрирани решенија, кај кои може да бидат потребни соодветни приспособувања, ќе бидат информирани од страна на банките, согласно законските рокови и насоките од регулаторот.

Промените се дел од процесот на понатамошно стандардизирање и модернизирање на националниот платен промет, подобрување на квалитетот и структурираноста на податоците и создавање услови за поефикасна обработка на платежните трансакции.

Банкарскиот сектор во изминатиот период презема активности за техничко и организациско усогласување со новите стандарди, со цел нивната примена да се одвива непречено и без прекини за корисниците на платежни услуги.

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.