Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Зголемен број пациенти во Ургентниот центар во Куманово поради респираторни симптоми

Минусни утрински температури, потопло време во пладневните часови придонесоа за зголемување на …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минусни утрински температури, потопло време во пладневните часови придонесоа за зголемување на  бројот на пациенти кои бараат лекарска помош во Ургентниот центар при Општата болница во Куманово. Најчесто пациентите бараат помош за респираторните симптоми, кивање, кашлање, течење на носот и покачена телесна температура.

Д-р Дарко Каранфиловски од Ургентниот центар посочува дека здравствените тегоби се јавуваат кај различни возрасни групи, но поголем ризик од компликации имаат децата, повозрасните лица и пациентите со хронични респираторни и кардиоваскуларни заболувања.

– Нема одредена категорија која е погодена, сите имаат симптоми, но најризични се повозрасните лица и децата, како и пациентите со хронични респираторни и кардиоваскуларни заболувања. Кај лицата со астма и хронична опструктивна белодробна болест можни се компликации, вклучително и дополнителни инфекции на долните дишни патишта, кои значително влијаат врз здравјето на пациентите – нагласи Каранфиловски.

Реклама

Лекарите препорачуваат практикување здрави животни навики, што вклучува редовен сон, физичка активност и разновидна и балансирана исхрана.

Посебно внимание се препорачува кај лицата со хронични заболувања, кои треба да ги следат советите од матичните лекари и редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Вакцинацијата против сезонски грип е особено важна за категориите граѓани изложени на поголем ризик од потешка клиничка слика и компликации.

Витамините и минералите треба да се внесуваат според индивидуалните потреби, по совет од стручно лице, додека антибиотиците не треба да се земаат без лекарски преглед и препорака.