Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

„Препознај, провери, спречи!“ – во Куманово се одржува едукативна презентација за рано откривање на рак на дојка

Во Куманово денеска се одржува едукативна презентација за жените, посветена на раното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Куманово денеска се одржува едукативна презентација за жените, посветена на раното откривање на ракот на дојка, во рамки на традиционалната октомвриска кампања за подигнување на свеста за оваа болест. Настанот го организираат Општина Куманово и Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки Куманово, под мотото „Препознај, провери, спречи!“.

Целта на презентацијата е да се зголеми информираноста за важноста на превенцијата, грижата за сопственото здравје и навременото откривање и лекување на ракот на дојка.

За состојбата во Куманово, д-р Нина Близнаковска-Стојковиќ рече дека превенцијата е клучна. Важно е навременото откривање и третман. Таа додаде дека самопрегледот на дојките е исклучително важен за жените. Како што презентираше, препознавањето на промени на кожата и брадавиците, појавата на грутки, невообичаен исцедок и други симптоми веднаш бараат лекарска процена.

Реклама

Д-р Близнаковска-Стојковиќ рече дека при промените, пациентките веднаш мора да се упатат на лекар.

Медицинската сестра Љиљана Ивановска појасни дека е важно повеќе внимание да се посвети на раното откривање на болеста, навремено да се започне со дијагностичките процедури и лекувањето.

-Преживувањето од рак на дојка е околу 90 проценти доколку болеста е откриена навреме – рече Ивановска.

Општина Куманово ја поддржува оваа иницијатива преку програмата за социјална, детска и здравствена заштита, во рамки на која финансира програми на невладини организации и здруженија.

Како што информираше секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис – Јаневска, организациите аплицираат преку јавен повик со свои програми, идеи и предлози, а избраните проекти се финансираат во рамки на расположливите буџетски средства.

Едукативната презентација е дел од активностите на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки Куманово, со кои се придонесува за подигање на јавната свест за ракот на дојка и поттикнување на жените навремено да се грижат за своето здравје.