Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

ДИК го измени финансискиот план за средства за предвремените избори во Брвеница за набавка на компјутерска опрема

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 22. седница едногласно ја усвои Одлуката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 22. седница едногласно ја усвои Одлуката за измена и дополнување на Финансискиот план од 26 август, годинава за распределба на средства за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, одржани на 18 октомври.

Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ појасни дека измената се однесува на делот поврзан со Годишниот план за набавки, односно на набавка на компјутерска опрема.

-Со неа се врши измена и дополнување на финансискиот план во делот поврзан со Годишниот план за набавки, во однос на набавка на компјутерска опрема. Сите останати делови од финансискиот план остануваат исти – рече Маричиќ.

Реклама

ДИК, исто така, едногласно ја усвои и Одлуката за дополнение на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2026 година на Државната изборна комисија, заведен под број 05-170/1 од 14 јануари.

Маричиќ посочи дека дополнувањето е потребно во делот за набавки на стоки и услуги неопходни за целосно спроведување на изборните дејствија, односно за набавка на компјутерска опрема.