Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Библиотеките од источниот регион иницираат евиденција на црковното книжно наследство

– Библиотеките од Делчево, Берово, Пехчево, Кочани и Штип денеска во читалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Библиотеките од Делчево, Берово, Пехчево, Кочани и Штип денеска во читалната на Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево одржаа трибина на тема „Под сводовите на храмот – црковно книжно наследство на крајниот Исток“, посветена на значењето, истражувањето и зачувувањето на старото книжно наследство што се чува во црквите и манастирите во источниот регион.

На трибината присуствуваа градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, и епископот на Делчевско-каменичката епархија, г. Марко.

На средбата, како што истакна директорката на делчевската библиотека Билјана Петровска, беше посочено дека во храмовите и манастирите, покрај предметите поврзани со верскиот живот, се чуваат и книги, ракописи, записи, богослужбени книги, летописи и други пишани сведоштва, кои можат да дадат значајни податоци за времето во кое настанале, луѓето што ги користеле, како и за духовниот и културниот живот на населението од овие краишта.

Реклама

-Дел од ова наследство сè уште не е доволно истражено и евидентирано, поради што библиотеките сметаат дека е потребно воспоставување посистематска соработка со цел негово идентификување и документирање. Во храмовите не се чуваат само предмети од верата. Се чуваат книги, ракописи, записи, богослужбени книги, летописи и други пишани сведоштва кои можат да ни раскажат многу за времето во кое настанале, за луѓето кои ги користеле и за духовниот и културниот живот на нашите предци, истакна Петровска.

Учесниците разговараа за можноста библиотеките од регионот да започнат заедничка активност за истражување и создавање евиденција на црковното книжно наследство, доколку биде постигната согласност за нејзина реализација.

Како една од можните следни активности беше посочено изработување унифициран образец за евиденција, со што би се создале услови за формирање регионална база на податоци, а во иднина и заеднички каталог на црковното книжно наследство од крајниот исток на Македонија.

-Целта не е само да се утврди што постои во храмовите и манастирите, туку наследството да се запознае, документира и да се придонесе кон неговото зачувување за идните генерации, беше главната оценка во рамки на дискусијата на трибината.

Учеството на епископот Марко, како што беше истакнато, придонесе темата да биде разгледана и од духовен и црковен аспект, додека присуството на градоначалникот Иван Гоцевски беше оценето како поддршка на иницијативата за истражување и заштита на културното наследство.

На трибината беа упатени благодарности и до претставниците на библиотеките од Штип, Кочани, Виница, Берово и Пехчево за учеството, со очекување соработката да продолжи и да прерасне во конкретен регионален библиотечен проект.

Иницијативата, како што беше посочено, има за цел разговорот за црковното книжно наследство да добие конкретна продолжение преку истражување, евидентирање и документирање на старите книги и писмени сведоштва што се чуваат во храмовите и манастирите во регионот.