Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја известува јавностa дека во согласност со законот членовите на задолжителните пензиски фондови, кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година, од утре, а најдоцна до 20 јануари 2027, година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителниот пензиски фонд.
– Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 20 јануари 2027 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (Фондот на ПИОСМ) – појаснуваат од МАПАС.
Членовите што нема да дадат изјава за продолжување на членството остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ), од каде што ќе го остварат правото на пензија.
– Истовремено, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС, ја известува јавностa дека лицата што во претходните години доставиле изјава за продолжување на членството, тоа им е продолжено и нема потреба повторно да ја достават истата изјава – се вели во соопштението од МАПАС.

