Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Прилози

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Средби со успешни професионалци ќе ги инспирираат средношколците да ги препознаат своите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средби со успешни професионалци ќе ги инспирираат средношколците да ги препознаат своите интереси и таленти и да ја градат својата образовна и професионална иднина во Македонија. Младите добија можност одблизу да ги запознаат претприемачките предизвици, да слушнат успешни прикази и да ги согледаат реалните потреби на пазарот на труд.

„Да им помогнеме на учениците да се ориентираат кон нивните амбиции, ова вмрежување придонесува за развој на економијата во државата, а ние како Влада во последното законско решение ги вметнавме професионални советници во основно и во средно стручно образование.“– вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Надлежните се повеќе вложуваат напори да ги поттикнат учениците да се насочат кон дефицитарните професии. Преку конференции, стипендии и подобрување на условите во образованието, целта е полесно да изберат професија и да одговорат на потребите на пазарот на трудот.

Реклама

„Овие две ипол години направивме многу, го зголемивме буџетот за науката, објавивме огромен број на проекти во вредност од 6 милиони евра, смарт специјализација, национални проекти и ја вклучивме и бизнис заедницата. Средства за меѓународни конгреси, пристап до Web of science , зборници печатење и се што опфаќа научно истражувачка дејност, стипендии за деифицитарни професии и вложуваме во науката“- вели Јаневска.

Конференцијата „Мојата професија на иднината – Знаење, вештини и можности“ организиран од Агенцијата за иновации се одржува веќе втора година по ред. Организаторите им даваат можност на младите да се запознаат со успешни претприемачи одблиску  и да ги охрабрат да започнат свој бизнис.