Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Во огромна светска криза максимално вложуваме во науката, вели Јаневска

Идејата не е лоша, секако ќе треба да размислиме и да ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Идејата не е лоша, секако ќе треба да размислиме и да ја продискутираме во иднина, изјави министерката Весна Јаневска коментарајќи го ставот на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, во иднина да се формира посебно министерство за наука и високо образование. 

-Претседателот на МАНУ е професор на Медицинскиот факултет и сигурна сум дека изјавата е во правец на неговата висока свесност за тоа колкаво е обемно Министерството за образование и наука и со какви сè проблеми се соочува и ги решева и колку многу реформи треба за да го подобриме квалитетот на образованието, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на настанот „Што ќе работам?“ наменет за средношколци. 

Додаде дека ја разбира потребата за посветеност на науката, но дека во изминатите две и пол години оваа Влада направила многу во науката. 

Реклама

Како што рече, во огромна светска криза владата максимално вложува во науката во рамки на буџетските можности, така што од 380 милиони денари во 2024, буџетот за наука сега е зголемен на 773 илиони денари.

– Објавивме огромен број проекти  во вредност од шест милиони евра, од кои десетина од областа на СМАРТ-специјализацијата, што придонесува за развој на економијата, но секако имаше проекти и од базични науки, имаше национални проекти и проекти поврзани со бизнис-заедницата, што се од огромно значење. Дополнително, исплаќаме средстава за учество на меѓународни конгреси, за објавени трудови на Web of Science, помагаме објавување трудови, печатење на зборници и сè што опфаќа една научно-истражувачка дејност. Стипендираме студенти во професисии кои се дефицитарни, стипендираме студенти на најдобрите универзитети. Максимално вложуваме во науката во рамки на буџетските можности во оваа навистина огромна светска криза. Сметам дека во ист стил ќе продолжиме и во идните години без оглед на тоа што се слулчува надвор од земјата, истакна Јаневска. 

На одбележувањето на 59-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, нејзиниот претседател Живко Попов во обраќањето го поздрави креирањето на пакетот од три закони – за високо образование, за квалитет во високото образование и за научноистражувачка дејност – затоа што првпат има усогласеност меѓу нив, нагласувајќи дека се клучен инструмент за идниот развој на универзитетите и науката. Порача дека се потребни коренити реформи, но и дека не треба да се спроведуваат пребрзо, туку да бидат „внимателни, инклузивни и насочени кон долгорочна стабилност“.

Според него, реформите во иднина треба да вклучат неколку приоритети, меѓу кои ги спомна формирањето посебно министетство за високо образование и наука, гарантирано институциоанлно финансирање, мерки за стимулирање на академската извонредност, борба против одливот на академски кадар итн.