Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните, продолжуваме со поддршката, вели Мицкоски

Владата и во периодот што следува ќе продолжи да ги поддржува општините…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и во периодот што следува ќе продолжи да ги поддржува општините во реализацијата на проекти што се од интерес на граѓаните, а следната година се планира нов повик за финансирање проекти од централниот буџет, најави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Чешиново-Облешево.

-За мене претставува навистина задоволство кога можам да бидам дел од убави проекти коишто се реализираат и случуваат и во помалубројни општини, како што е општината Чешиново-Облешево. Му честитам на градоначалникот за посветената работа. И, се разбира, заеднички, со поддршка од Владата, во периодот којшто следи, ќе реализираме уште многу проекти коишто се приоритет на граѓаните на оваа општина. Прекрасна општина, прекрасни луѓе. Сега, додека шетавме по оваа новоасфалтирана улица, разговаравме и за приоритетите во периодот којшто следи. Самиот тој во својата изјава кажа дека подготвува дел од проектите. Јас би го охрабрил, еве вака јавно, што побрзо да ги подготват проектите, затоа што следната година како Влада планираме нов повик со којшто од централниот буџет ќе финансираме проекти кон локалната самоуправа, кон општините – изјави премиерот Мицкоски.

Како еден од клучните приоритети Мицкоски го посочи решавањето на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во голем дел од населените места во општината.

Реклама

-Исто така, конечно да се реши она прашање коешто останува нерешено, а тоа е водоснабдувањето во голем дел од населените места. Ние очекуваме, а веќе е извесно во реформската агенда да добиеме топ-ап или додаток на оние седумстотини и педесет милиони евра коишто претходно ги добивме. Знаете таму структурата каква е: една третина е ликвидност во буџетот, една третина е грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, а третата третина е евтин кредит којшто започнува да се исплаќа од 2035 година – посочи премиерот.

Очекуваме, рече Мицкоски, да добиеме значајна сума во тој додаток и еден од приоритетните проекти ќе биде токму овој за којшто зборувавме денес со градоначалникот.

– Во меѓувреме тој ќе продолжи да ги развива проектите и, ако треба, и од централната власт ќе има дополнителна поддршка. Така што тој проект мора да се случи и ќе се случи. Ние ќе го ставиме во индикативната листа како приоритет на Владата, според онаа динамика којашто ја имаме од Европската Унија. Конечното одобрување на таа листа треба да се случи во првата половина од следната година- рече Мицкоски.

Тој посочи дека Владата ќе продолжи да соработува со локалната самоуправа, советниците и пратениците од регионот за реализација на проекти што ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните.