Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат

Податоците на Евростат покажуваат дека Македонија има меѓу најниските цени на храната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Податоците на Евростат покажуваат дека Македонија има меѓу најниските цени на храната и пијалаците во регионот – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за податоците на Евростат според кои цените на храната и безалкохолните пијалаци во земјата се за 25 проценти пониски од просекот на 36 европски земји.

Мицкоски, кој денеска присустуваше на пуштањето во употреба на улицата Прохор Пчињски во населено место Чифлик во општина Чешиново – Облешево, рече дека според ценовниот индекс со референтна вредност 100, земјата е меѓу државите со најниски цени во регионот.

– Евростат објави податоци што се однесуваат на реперот 100, дека ние се наоѓаме како држава со најниски цени од аспект на пијалаците и од аспект на храната, убедливо најниски во регионот, со што паѓаат сите тези на оние злонамерници изминатиов период кои ширеа лаги и дезинформации. Се разбира, тука пред сè мислам на поединечни синдикалци, кои се практично опозициски коалициски партнери. И со тоа паѓа таа нивна теза. Се разбира дека сите проблеми не се решени, треба многу од проблемите да се решаваат бидејќи тоа што се случувало повеќе од 30 години, ние не можеме за две години да го решиме. Но повеќето од проблемите се решени или се во процес на решавање – истакна Мицкоски.

Реклама

Тој додаде дека Владата работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

– Порано нè убедуваа дека инфлацијата била увезена кога имавме двојно поголема од просечната во Европската Унија. Денес кога имаме за 25-30 отсто пониска инфлација од таа во ЕУ, ги нема оние што неèубедуваат, молчат, скриени некаде и се обидуваат како лешинари повторно со лаги, измислици и конструкции да нанесат некаква политичка штета. Но, се лажат. Ете видоа што се случи во Брвеница, четири спрема еден, пет спрема еден, ги губат изборите, затоа што не може да го потценат народот. Тие мислат дека народот не се сеќава тоа што го правеа седум години кога ја ограбуваа и кога ја распродаваа Македонија, кога ја уништуваа Македонија. И сега кога гледаат дека од петни жили се мачиме нешто да повратиме од она што е распродадено и уништено, тие повторно како лешинари се обидуваат да наштетат, но се немоќни бидејќи народот е со Владата и со решенијата – рече Мицкоски.