Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали се сретнал со новиот турски амбасадор Алпер Акташ со кого разговарале за билатералната соработка .

– Пријателството меѓу Македонија и Туркије има длабоки корени и потенцијал за уште поблиска соработка. Со задоволство го пречекав новиот амбасадор на Република Туркије, Алпер Акташ, кому му посакав успех во неговата мисија. Врските меѓу нашите граѓани и партнерството меѓу двете земји се драгоцена основа врз која можеме да продолжиме да градиме – напиша Сали на Фејсбук.

Преку отворен дијалог и институционална соработка, додаде тој, се цели оваа блискост да се преточи во конкретни иницијативи и нови можности за граѓаните.
– На амбасадорот Акташ му посакувам успешен мандат и плодна соработка – порача Сали.

