Во Собранието за денеска се закажани седници на комисиите за финансирање и буџет, за надворешна политика и надворешна трговија и на Законодавно-правната Комисија.
На седницата на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија ќе бидат претставени платформата за дипломатските активности на вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Арапска Република Египет Елма Алторок и на платформата за дипломатските активности на вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Унгарија Татјана Лопарски.
На седниците на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, во второ читање.

