Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Собранието за денеска закажа продолженија на две и една нова седница

Македонското Собрание денеска ќе ги одржи продолженијата на 121-та, 125-та и ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското Собрание денеска ќе ги одржи продолженијата на 121-та, 125-та и ќе ја почне 126-та седница. 

На дневен ред на 121. седница е Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година.

Пратениците во рамки на 125. седница ќе ги разгледуваат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за надворешни работи, во прво читање, Предлог Националната програма за високото образование со предлог мерки, за периодот 2025-2030 година  и Предлог Националната програма за научно – истражувачка дејност со предлог мерки, за периодот 2025-2030.

Реклама

На дневен ред на 126. седница, меѓудругите е и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија

Во рамки на оваа седница треба да се расправа и по Дополнетиот предлог на закон за државната ревизија – трето читање, Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, Предлог законот за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа, Предлог за избор на надворешен комисионер (член) на Комисијата за хартии од вредност, како и Предлог на одлука за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“.