Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

ДИК: Радически со најмногу гласови на локалните избори во Брвеница, излезеноста во првиот круг 46,56 проценти

Според првичните резултати од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница од …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според првичните резултати од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница од  обработение податоци од сите 24 избирачки места, најмногу гласови освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радически, соопшти вечерва на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ Излезноста во првиот круг изнесува 46,56 отсто.

Според  Радически освоил 2.943 гласови, односно 38,90 отсто од гласовите.

На второ место е Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со 2.152 гласови (28,45 %), а трет е Јакуп Хусеини од коалицијата ВЛЕН со 1.528 гласови (20,20 %).

Реклама

По нив следуваат Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 гласови (9,33 %), независниот кандидат Душан Богдановски со 55 гласови (0,73 %) и независната кандидатка Арифе Идризи со 21 глас (0,28 %).

Претседателот на ДИК, Маричиќ, истакна дека гласањето се одвивало во најдобар ред и граѓаните непречено го оствариле своето право на глас.

Во 19 часот сите 24 избирачки места биле навремено затворени, а до ДИК сè уште не пристигнала пријава за евентуални неправилности или проблеми кои би влијаеле врз изборниот процес.

– Десет граѓани ја искористија можноста за заштита на личното избирачко право и доставија приговори до Општинската изборна комисија. Четири од доставените приговори беа усвоени, додека останатите шест беа одбиени како неосновани, информира Маричиќ.

Според податоците од ДИК, на изборите во Брвеница правото на глас го оствариле 7.565 граѓани од вкупно 16.256 запишани избирачи, со што излезноста изнесува 46,56 проценти. Неважечки ливчиња се регистрирани во број од 160.

Маричиќ потсети на роковите, нагласувајќи дека подносителите на листите имаат право да поднесат приговори до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно најдоцна до вторник, 20 октомври, до 19 часот. ДИК е должна да донесе одлука во рок од 72 часа од приемот на приговорот, додека конечните резултати од изборите ќе бидат објавени веднаш по завршувањето на целата постапка.

Предвремените локални избори во Брвеница се одржаа откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски.