Реклама

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Македонија

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Српското Министерство за надворешни работи доделило илјадници евра на организации во Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Српското Министерство за надворешни работи доделило илјадници евра на организации во Македонија чии претставници јавно ја поддржуваат Српската напредна партија. Истражувањето на Балканската истражувачка новинарска мрежа открива дека во последните три години над 111.000 евра од српскиот државен буџет биле исплатени на три здруженија во Македонија: „Мир, слога, стабилност“ од Скопје, Заедницата на Србите во Македонија – Битола и Српскиот културен центар – Скопје. Со овие пари биле финансирани јавни активности и поврзаности со промоцијата на владејачката Српска напредна странка на Александар Вучиќ. Дел од организациите добивале пари за културни и верски проекти, а истовремено организирале собири и патувања за поддршка на српскиот претседател.

Според истражувањето на БИРН, Управата за дијаспора при Министерството за надворешни работи на Србија од 2023 година исплатила најмалку 250.000 евра на организации во Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, чии активности се поврзуваат со промоција на СНС, проруските наративи, величање осудени воени злосторници или десничарска реторика. Средствата официјално биле наменети за проекти за зачувување на српскиот национален идентитет, културата, православната вера и кириличното писмо. Сепак, истражувањето отвора прашања за можната политичка употреба на државните средства. Истражувањето на БИРН отвора пошироко прашање за начинот на кој Србија ги распределува буџетските средства наменети за дијаспората и дали дел од нив индиректно придонесуваат за политичка промоција на владејачката партија.

Граѓанските организации во Србија и претходно предупредувале на можни злоупотреби при распределбата на овие средства, особено кога финансиска поддршка добиваат организации кои немаат постојани простории, вработени или јавно видливи активности.