Реклама

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Свет

Венс: Имиграцијата го предизвика насилството во Франција, демократите го сакаат истото во САД

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс предупреди дека имиграцијата е одговорна за насилството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс предупреди дека имиграцијата е одговорна за насилството што избувна за време на протестите во Франција, обвинувајќи ги опозициските демократи дека сакаат исто сценарио и во Соединетите Американски Држави. „Западните прогресивци го увезоа третиот свет во Франција и во други земји во име на различноста и сочувството. Ги занемарија основните прашања за асимилацијата и компатибилноста. Беа предупредувани дека вака ќе заврши, но не слушаа“, напиша Венс на социјалната мрежа Икс.

Американскиот потпретседател ја коментираше и видеоснимката на која се гледа пожар во зградата на градското собрание во Лимож.

„Се молам Франција, прекрасна земја со прекрасни жители, да го запре ова лудило пред да изгорат уште споменици“, напиша Венс.