Реклама

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Македонија

Во Скопје одбележан Светскиот ден на поправки под мотото „Поправките ги поврзуваат луѓето“

Светскиот ден на поправки беше одбележан вчера во Скопје под мотото „Поправките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светскиот ден на поправки беше одбележан вчера во Скопје под мотото „Поправките ги поврзуваат луѓето“, во организација на Здружението АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, Македонската артизанска трговска асоцијација (МАТА) и Домот за стари лица „Мајка Тереза“. Настанот се одржа по повод 10-годишнината од глобалната иницијатива и третата година од нејзиното одбележување во Македонија, а беше посветен на промоцијата на културата на поправка, одржливото користење на ресурсите и меѓугенерациското поврзување.

Како што соопштуваат од АРНО, во рамки на настанот потпишале меморандуми за соработка со МАТА и со Домот за стари лица „Мајка Тереза“, а биле најавени и нови активности преку ИПА-проект насочен кон развој на вештини за поправки, поддршка на зелени бизниси и промоција на одржливи практики.

Како долгогодишен партнер и поддржувач на центарот, од Општина Кисела Вода нагласиле дека ваквите иницијативи се клучни за заедницата.

Реклама

– Поправките не претставуваат само начин за продолжување на векот на предметите — тие ги спојуваат генерациите и овозможуваат вредна размена на искуства. Општина Кисела Вода продолжува да биде стабилен партнер, градејќи простор за креативност, едукација и меѓугенерациско поврзување. Нека овој јубилеј биде потсетник дека поправањето е одговорен чин: грижа за предметите, грижа за природата и, пред сè, грижа едни за други – изјави Бети Стаменкоска Трајкоска, градоначалничка на Општина Кисела Вода.

Претставниците на МАТА го презентирале проектот „Craft2Grow“, финансиран преку програмата „Еразмус+“, кој е насочен кон развој на меки вештини преку одржлива мода и рачни изработки.

На настанот се обратил и раководителот на Домот за стари лица „Мајка Тереза“, Јорданчо Јосифов, кој посочи дека многу од корисниците на домот и натаму ги применуваат принципите на поправка и повторна употреба во секојдневниот живот.

Според организаторите, одбележувањето на Светскиот ден на поправки годинава било и можност да се потсети на европските политики што треба да го олеснат правото на поправка на производите, вклучително и подолг животен век на уредите и подобра достапност на резервни делови.

Настанот завршил со две практични работилници за возрасни – за традиционалната јапонска техника „Сашико“, водена од дизајнерката Ирина Тошева, и за креативни поправки на текстил под водство на Оливија Георгиевска од МАТА.