Реклама

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Македонија

Излезноста во Брвеница до 11 часот е 9,11 отсто, гласале 1.480 граѓани

– Излезноста на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 11…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Излезноста на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 11 часот изнесува 9,11 отсто, а своето право на глас го оствариле 1.480 граѓани, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ од прес-конференција која се одржа во просториите на Општинската изборна комисија Брвеница.

Маричиќ, заедно со уште четворица членови на ДИК, ја посети Брвеница и обиколи шест избирачки места за да се увери во текот на изборниот процес.

Тој информираше дека гласањето започнало навреме, во 7 часот, на сите избирачки места и тече без никакви посериозни проблеми.

Реклама

Според Маричиќ, избирачкиот материјал бил навреме доставен, а членовите на избирачките одбори биле соодветно обучени.

– Бидејќи се работи за една општина и можеме да постигнеме, тука дојдовме петмина членови. Се уверивме во редовниот и регуларен тек на гласањето, барем во тие шест избирачки места каде што бевме, а такви се извештаите и од сите места. Видовме дека нема поголем застој, дека има интензивни обиди, можеби еднаш, два, три пати на лица коишто веднаш не ги чита апаратот, меѓутоа гласањето секаде се одвива без поголеми проблеми. Тоа што ние го видовме е дека се тече во најдобар ред и тоа ни го кажаа и претставниците на избирачките одбори- рече Маричиќ.

Тој направи и споредбата со изборите од октомври 2025 година.

– Досега излезноста е како што беше спомнато до 11 часот од 9,11 проценти, односно гласале 1.480 граѓани. Тоа е малку повеќе од ланските локални избори кога во истото време до 11 часот гласале 8,34 проценти или 1.346 гласачи. Значи годинава е зголемен малку интересот, односно излезноста- посочи Маричиќ. 

Според него, најголема е излезноста на избирачкото место 2033 во основното училиште веднаш до општинската зграда во Брвеница.

– Во избирачкото место 2033 има 166 гласачи, во 2034 има 151, а во 2035 има 128. Тие се најбројните, останатите сите се под 100. Најмала излезност колку што можам да забележам има на избирачкото место 2046 во Гургурница – 12 гласачи , рече претседателот на ДИК.

Маричиќ потсети дека ДИК стави во функција бесплатната телефонска линија на која можат граѓаните се информираат за прашање од интерес за остварување на гласачкото право.