Реклама

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Македонија

„Мобилност“ Битола: Архитектонските бариери за телесните инвалиди се најголем проблем

Архитектонските бариери за телесните инвалиди се најголем проблем, а има и други…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Архитектонските бариери за телесните инвалиди се најголем проблем, а има и други и за сите лица со инвалидност, истакна д-р Нико Јанков, претседател на Здружение на телесни инвалиди Мобилност-Битола, организатор на дефиле на телесни инвалиди кое денеска се одржа на Широк сокак во Битола.

Според Јанков, традиционалното дефиле на телесните инвалиди по Широк сокак се одржува со цел да се помогне на нивните членови и да се зголеми јавната свест во заедницата.

-Дваесет години одржуваме дефиле на телесни инвалиди по Широк сокак, и се со цел да помогнеме на нашите членови. Иако во нашата држава има добра законска регулатива, за жал таа не се практикува во стварноста. Архитектонските бариери за телесните инвалиди се најголем проблем, а има и други и за сите лица со инвалидност. Институциите се запознати со нашите проблеми, но решенијата доцнат и не заради немање на нивна желба, туку заради немање соодветна динамика. Ние не организираме демонстрација, туку тивок револт за јавно истакнување на нашите проблеми- нагласи Јанков.

Реклама

Во изјава за медиумите, Василчо Илијев, адвокат од Кочани и член на здружението „Мобилност“ истакна дека во општество треба да се работи особено во доменот на јавната свест за потенцијалите, способностите и можностите на лицата со попреченост во општеството како активни двигатели на сите процеси.

-Состојбата на инклузија е нашироко промовирана како концепт, но сепак како општество треба уште да се работи особено во доменот на јавната свест за потенцијалите, способностите и можностите на лицата со попреченост во општеството како активни двигатели на сите процеси. Подобрувања во општеството има, но мора многу повеќе да се работи особено со децата од најмала возраст, во основните училишта да се осмислуваат едукативни содржини во кои попреченоста ќе се интегрира како нормална појава како дел од идентитетот на секое лице. Тоа според мене треба да биде во фокусот на заедницата во наредниот период. Со заедничка синергија мислам дека ќе има поголеми успеси за овие проблеми- истакна Илијев.

Во дефилето на телесните инвалиди по Широк сокак учествуваа членови на здружението „Мобилност“ од Битола, Ресен, Демир Хисар, Куманово, Кочани и други македонски градови.