Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Се мапира еколошка пешачка патека до манастирот на Тиквешко езеро 

– Еколошка пешачка патека во должина од околу 14 километри, од браната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Еколошка пешачка патека во должина од околу 14 километри, од браната на Тиквешко Езеро до Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи“, е во фаза на мапирање. Активностите ги спроведува еколошкото друштво „Тисовец“ од кавадаречкото село Возарци, со цел да се создадат услови за пешачење, рекреација и развој на одржливиот туризам во Тиквешијата. 

-Пред теренскиот тим се наоѓа сериозен предизвик, особено делот од село Праведник. Станува збор за исклучително тежок, стрмен и обраснат терен, кој на одредени места е целосно неисчистен и тешко прооден. Мапирањето бара многу пешачење, внимателно утврдување на трасата и посветена работа на терен. И покрај тешкотиите, продолжуваме чекор по чекор, со цел да ја утврдиме трасата и да создадеме основа за нејзино идно уредување, чистење и обележување. Нашата цел е да ги поврземе природните убавини на Тиквешијата со културното и духовното наследство на Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи“, создавајќи можности за пешачење, рекреација, едукација и развој на одржливиот туризам – појасни Сашко Данов, претседател на здружението. 

Тој истакна дека секој изоден дел од трасата е чекор поблиску до остварувањето на идејата – еко-патека што ќе им овозможи на граѓаните и посетителите подобро да ја запознаат природата и културното наследство на овој крај. Досега се одеше со чамец.

Реклама

Притоа додаде дека проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Кавадарци.