Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Меџити: Старата скопска чаршија останува наш приоритет, зачувувањето на традицијата и нејзиниот развој бараат заедничка посветеност

– Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставниците на Еснафот на Старата скопска чаршија, присуствуваше на фестивалот „Ритамот на чаршијата“, културна манифестација која ги промовира културното наследство, традициите и занаетите карактеристични за Старата скопска чаршија.

Фестивалот, како што информираат од Општина Чаир, претставуваше платформа за промовирање на културните и занаетчиските вредности, истакнувајќи го историското, општественото и економското значење на Чаршијата. Во рамки на настанот беше нагласена потребата од зачувување на нејзиниот автентичен идентитет, поддршка на занаетчиите и локалните бизниси, како и развивање иницијативи што го збогатуваат културниот живот на градот.

-Старата скопска чаршија е едно од највредните богатства на Скопје и нераскинлив дел од неговиот историски и културен идентитет. Нејзината вредност не се состои само во наследството што го претставува, туку и во луѓето, занаетчиите и бизнисите кои секојдневно ѝ даваат живот. Во соработка со Град Скопје и Еснафот на Чаршијата, ќе продолжиме да поддржуваме иницијативи кои ја зачувуваат традицијата, ја промовираат културата и создаваат нови можности за развој. Чаршијата заслужува внимание, инвестиции и конкретна посветеност, поради што останува еден од нашите неоспорни приоритети-, изјави Меџити.

Реклама

Од Општина Чаир посочуваат дека ќе продолжат со институционалната соработка со Град Скопје и локалните чинители во насока на промовирање на културното наследство, поддршка на традиционалните дејности и зајакнување на улогата на Старата скопска чаршија како значаен културен, туристички и економски центар на главниот град.